Домашен бурек со сирење и готови кори, ќе ви одземе само 10 минути за го подготвите

Прекрасен бурек со сирење, но можете да го приготвите и со различен фил, како месо, праз, кисела зелка, спанаќ, пица…

Фото и рецепт: Магдалена Дулиќ

Потребни состојки:

500 г тенки кори
1 коцка фета сирење (или друг намаз)
250 г ситно сирење
1 чаша кисела павлака 180 г
1 лажичка сол

и уште:

Loading...

150 мл масло
300 мл вода

Постапка:

1.Ситното сирење измешајте го со фета сирењето и павката (или користете фил по ваша желба). Во друг сад измешајте го маслото со водата.

2.Во тркалезен плех намастен со масло, наредете три кори, а секоја премачкајте ја со мешавината од масло и вода. Малку може да висат надвор од тепсијата, а на крај спакувајте ги кон внатре.

3.Рамномерно распоредете три лажици од филот, а потоа продолжете да ставете по една кора.

4.Секоја кора кога ќе ја ставите намастете ја со мешавината од масло и вода, па ставете фил и така продолжете до крајот.

5.На крај може да завршите со 2-3 кори. Одозгора полијте го остатокот од маслото и убаво спакувајте ја питата, да не висат кори од страните.

6.Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу половина час. Кога бурекот ќе биде печен, превртете го врз даска или чинија за послужување.

Фото и рецепт: Магдалена Дулиќ

Loading...