Брусницата е повеќегодишна билка чие растение е грмушесто и може да порасне до 40 см во висина и 2 м во ширина. За време на зимските денови, листовите стануваат црвени, а плодот е црвена бобинка со киселкаст вкус.

Може да се најде во постудените делови на северната хемисфера, а во 2019 година Македонија беше прогласена меѓу 10–те најголеми производители на брусница во светот. Брусницата е многу отпорна на студ и може да издржи температура до -40°С.




Брусницата се одгледува во области со постудена клима и за да расте им е потребна влажна, кисела почва. Ако сакате да одгледувате брусница, треба да и обезбедите топлина и сонце. Можете да одгледувате од семиња или садници, а најдобро ќе одговара влажна и кисела почва.

Брусницата е здрава нискокалорична храна, богата со растителни влакна, витамини и минерали, меѓу кои доминираат витамините Ц, А, Е и минералите како калциум, калиум, магнезиум и железо. Богата е со антиоксиданти, на што им должи силни лековити својства. Има антибактериски, антисептички, антиинфламаторни и диуретични ефекти.




На брусницата и се припишуваат многу лековити својства доколку се применуваат во правилна форма и во соодветна доза: помага при инфекции на уринарниот тракт, помага при едем (оток), штити од заболување на непцата, го намалува ризикот од рак, го зајакнува имунитетот;

Потоа, ја зајакнува микробиолошката флора на желудникот и цревата, помага при диспепсија (наpyшена дигестија) особено предизвикана од Helicobacter Pylori, помага во спречување на кардиоваскуларни заболувања, го намалува нивото на холестерол.




Исто така, позитивно влијае на здравјето на очите, помага во лекувањето на ревматизам и гихт, го намалува шеќерот во кpвта, го подобрува квалитетот на косата, кожата, ноктите. И покрај сите овие лековити својства, треба да се внимава кога се конcyмира брусница.




Листот од брусница најчесто се користи за правење на чај, но може да се најде и мешавина од лисја и овошје. Чајот од лисја од брусница има првенствено антисептички својства, како резултат на повисоката концентрација на фенолни гликозиди. Чајот од брусница содржи помала концентрација на танини, така што може да го користат деца, не помлади од 12 години.

НМД.мк




ПОДГОТОВКА НА ЧАЈОТ: Во 250 мл зовриена вода, ставете 1 лажичка листови од брусница. Поклопете и оставете го чајот да отстои 15 минути. Потоа процедете и пијте го чајот трипати на ден половина час пред главните оброци.

НМД.мк

Потребна е претпазливост кај луѓе кои имаат предиспозиција за развој на бубрежни камења, а поголеми количини на сок може да резултираат со лаксативно дејство. Исто така и дијабетичарите треба да внимаваат при конcyмирање на сокот од брусница (купечкиот, кој начесто содржи големи количини на додаден шеќер).




Најдобро е да се подготви свеж сок од брусница, така што добро измиените и избрани зрели бобинки се мешаат и им се додава мала количина вода. Еве што ви е потребно за подготовка на сокот:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг брусница, 1,25 л вода, 1 лимон, 300 г шеќер. ПОСТАПКА: Брусниците добро измијте ги, ставете ги во мешалка и измешајте ги со 100 мл вода. Истурете ја содржината во поголема чинија, исцедете го сокот од лимон и додајте уште 1,5 л вода. За време на овој процес, ќе се создаде пена што треба да ја отстраните.




Покријте го садот со крпа и чувајте го на темно и ладно место (по можност во подрум или на тераса) 24 часа. По изминатото време, процедете ја содржината во друг сад. За да го направите ова, користете цедалка што ќе ја покриете со газа.

НМД.мк

Сокот ставете го во тенџере да врие на умерена температура околу 15 минути. Можно е пената повторно да се појави, така што ќе мора постојано да ја отстранувате.
Убаво измијте неколку шишиња и стерилизирајте ги во рерна, а потоа претурете го топлиот сок во нив. Затворете ги добро ставајќи прво целофан, а потоа и затка.




Завиткајте ги шишињата во ќебиња и оставете ги 24 часа да се излади сокот. После тоа, чувајте ги во замрзнувач или на некое друго ладно место. Забелешка: Можете да користите мед или некој друг засладувач наместо шеќер, а доколку е премногу силен сокот, разредете го со малку вода. Сокот може да стои во замрзнувач до две години, но шишето што веќе сте го отвориле мора да се чува во фрижидер и да се испие во рок од една недела.




ЧАЈ СО БРУСНИЦА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ПРИТИСОКОТ. Потребни состојки: 50 г брусница, 200 г органски целер и 600 мл вода. ПОСТАПКА: Измијте го целерот и исечкајте го, па заедно со брусницата варете го околу половина час. Потоа процедете и пијте го чајот колку што можете. Брзо ќе почyвствувате подобрување.

НМД.мк

НАПОМЕНА: Чајот не ја лекува состојбата, само ги олеснува тегобите. За да го решите проблемот со високиот кpвен притисок, најдобро е детално да се прегледате на лекар за да се дијагностицира примарната состојба која доведува до покачување на кpвниот притисок.

НМД.мк