Таа ја сподели својата утринска навика која и овозможува да има ден исполнет со енергија! Јудин Хари, лекарка од Брза помош, вели дека секој ден го започнува со чаша млак зелен чај. Важна е температурата, но и еден додаток!

Докторката кој веќе ги откри своите совети за бор.ба против ст.ресот, откри дека го пие овој чај наместо кафе.

„Јас секое утро го започнувам со зелен чај и лимон. Многу луѓе дури и не знаат дека овој чај содржи кофеин исто како и кафето (состојка поради која всушност сите сакаме да го пиеме).

Па така, и овој напиток ќе ве разбуди, но сепак, треба да знаете дека дозата е помала отколку онаа кај кафето. Но, ова не е негативна, туку позитивна карактеристика, бидејќи поради помалото количество кофеин нема да бидете нервозни.

Зелениот чај изобилува со антиоксиданси кои го забрзуваат метаболизмот, го смируваат воспалението и го зголемуваат сого-рувањето на маснотиите“, објасни д-р Хари.

Зелениот чај има и смирувачко дејство, па затоа е особено добро да го пиете доколку имате ст.ресна работа. Утрото ќе го започнете будни и фокусирани, но притоа ќе бидете смирени.

Оставете го зелениот чај да се излади пред да додадете лимон, што ќе ја подобри апсорпцијата на полифенолите и ќе ви даде максимални корисни ефекти на чајот.

Лимонот никогаш не треба да се додава додека чајот е сè уште врел, бидејќи тој веќе губи поголем дел од витаминот Ц на температура од околу седумдесет степени Целзиусови. Зелениот чај исто така не се додава во зовриена вода на 100 степени, ниту смее да се готви.

Најдобро е, откако ќе зоврие водата да ја „пресе.чете“ со малку ладна вода, па дури потоа да го порелиете зелениот чај. Уживајте во бенефитите на овој напиток, во кој докторката е убедена дека и помогнал да реши бројни проблеми.

НАПИТОК СО ЗЕЛЕН ЧАЈ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕЛУЛИТОТ

Потребни состојки: 1 чаша вода, 1 лажица чиа семе, 1 лажица листови од зелен чај, неколку листови нане, половина чаша мраз, половина исцеден лимон

Постапка: чиа семето потопете го вода за да набубри, околу половина час или помалку. Потоа ставете една чаша вода да се загрее на оган. Пред да зоврие ставете една лажица сув лист од зелен чај и гответе со исклучена рингла уште 3 минути.

Во поголема чаша или бокал процедете го чајот, оставете да подизлади па додајте мраз, неколку листови од нане, сок од лимон и набубреното чиа семе. Напитокот пијте го секој ден на гладно, најдобро наутро.

Секој трет ден можете да го замените со следниот напиток: во чаша со кокосова вода додајте една лажичка мелено чиа семе, половина лажичка спирулина и половина лажичка пченична трева во прав.

Измешајте ги сите состојки и оставете ги неколку минути додека семките постанат желатинозни. Потоа испијте го напитокот.