Аутизмот според зборовите на овие луѓе, може целосно да се излекува.

Аутизмот, многумина ќе речат – е болесн на новото време со рапиден раст изминативе години. Неодамна во јавноста се појавија разни шпекулации поврзани со оваа болест, околу појавата, настанокот и развојот, како и поврзаноста со вакцините.

Кај децата во САД на 100 деца е регистрирано едно дете со аутизам. Во Калифорнија едно дете на секои 150 има аутизам. За периодот 2001/2002 година е забележан пораст на аутизмот за 54%.

Но, во некои подрачја процентот на аутизам е уште поголем, па на секои 50 деца се јавува едно со аутизам. Со текот на годините овој број рапидно расте, а денес во светот броиме милиони аутистични лица.

На родителите со аутистични деца им е кажано дека симптомите на оваа болест може да се ублажи, но не и целосно да се излекува. Некои родители за жал, сакајќи да му помогнат на своето дете, посегнуваат по некои радикални мерки со кои повеќе му наштетуваат отколку му помагаат на младиот организам.

Но, за среќа и изненадување на многумина, едно дете со аутизам успеа да се излекува од оваа болест, само со промена на исхраната.

Неговите родители внеле неколку мали промени во исхраната на детето и тоа целосно оздравело од дијагностицираната болест.

Неодамна, се појави студија која покажува дека навистина, промената во исхраната може да ги ублажи симптомите на аутизмот и лицата со оваа болест повторно да му се вратат на нормалниот живот.

ИТАН ФОКС – детето кое имаше аутизам

Лекарите најпрво не го препознале неговото одбивање да спие и дигестивните пречки со проблемите во исхраната. За среќа, неговите родители побарале алтернативни начини на лекување кои не се радикални и конечно, после неколку години откриле нешто многу важно за оздравувањето на детето.

Имено, тие препознале длабока поврзаност помеѓу аутизмот и исхраната. Откриле дека решението се наоѓа во исхраната без глутен и казеин (млечни производи), па откако ја промениле неговата исхрана, за само неколку денови Итан започнал да се чувствува подобро.

Во текот на годините започнале со употреба на витамини и органзки зеленчук и овошје, па забележале драматично подобрување во здравјето, во когнитивните, функционалните и социјалните способности.

Нивното објаснување се базира на теоријата дека децата со аутизам може да имаат алергија или висока чувствителност на намирници кои содржат глутен или казеин. Според оваа теорија, децата со аутизам на поинаков начин ги дигестираат пептидите и протеините во намирниците кои содржат глутен и казеин, па оваа разлика би можела да ги влоши симптомите.

Три години подоцна, продолжиле со исхрана без глутен и казеин, вклучително и витамин, па го излекувале Итановиот гастроинтестинален систем. Оздравел со помош на исхрана од здрави протеини, органски зеленчук, овошје, ориз и компир. Повеќе не покажувал никакви знаци на аутизам. Денес тој е здраво, среќно и забавно момче.

Целото интервју можете да погледнете на видеото: