Изедов две парчиња од овој колач, а после посакав и трето. Но, ми беше срам од гостите пред нив да изедам половина торта, па кога си отидоа тепсијата си ја земав и дојадов тоа што беше останато. Можеби е за срам, но овој колач е толку добар што не знаеме да застанеме на едно парче.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 јајца, 150 г шеќер, 10 г ванилин шеќер, 150 мл млеко, 150 мл масло, 250 г брашно, 12 г прашок за печиво, 100 г мелени лешници, 200 мл слатка павлака, 2 супени лажици нутела, 250 мл млеко и уште 50 г мелени лешници.

ПОСТАПКА: за да ја направите кората изматете со жица/маталка пенасто 4 јајца, па додајте го шеќерот и ванилиниот шеќер. Убаво измешајте колку да се соедини па додајте го млекото и маслото. Изедначете ги состојките, а на потоа додајте го брашното заедно со прашокот за печиво.




Во смесата додајте и 100 г мелени лешници, па промешајте. Треба да добиете течна, еднолична и мазна смеса. Во намастен плех со путер или масло излејте ја смесата и убаво распоредете ја (мојот плех е со димензии 25х40 см). Малку потчукнете ја од работната површина за да излезе насобраниот воздух од дното.




Ставете на печење во претходно загреана рерна на 180 или 200 степени и печете околу 35 минути. Прво може да печете на 180 степени, а по одредено време зголемете ја температурата на 200 степени и допечете го колачот. Јас тоа го правам после 15-20 минути од печењето.

Во меѓувреме измиксјте 200 мл слатка павлака, а кога ќе добиете шлаг промешајте и 2 супени лажици нутела. Печената кора оставете ја малку да се олади, па избоцкајте ја со чепкалка и прелијте ја со една чаша ладно млеко. Оставете кратко време додека млекото да се впие, па кората префрлете ја на рамна чинија.




Премачкајте со филот од нутела и слатка павлака и рамномерно распоредете насекаде. Колачот ако ви се верува е готов уште сега, само треба да го декорирате со уште 50 г мелени лешници одозгора. Може да го ставите во фрижидер малку да се стегне, но ако сте нестрпливи, може и веднаш да го јадете. Подолу прочитајте го и вториот рецепт за кој сум сигурна дека многу ќе ви се допадне:




(втор рецепт) За многумина ова е најдобриот колач што постои, со вкус на лешник. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ПОДЛОГА: 150 г мелени бисквити, 50 г мелени печени лешници (тостирани), 1 лажица Нутела или друг крем, 80 мл млеко. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА КРЕМ ОД СВЕЖО СИРЕЊЕ: 500 г несолено, свежо сирење, 250 мл слатка павлака, 1 полна лажица течен мед, 8 г мелен желатин.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА НУГАТ КРЕМ: 125 г Милка чоколадо со топен лешник Noisette, 100 мл кисела павлака, + по желба мелени лешници за нарозување. ПОСТАПКА: печените лешници можете да ги сомелите или да ги иситнете на покрупни парчиња, по вкус.




Тацната на која ќе се служи тортата се обложува со хартија и се поставува со обрачот за торти (20 см).  Сите состојки се мешаат во длабок сад со рака. Се добива компактна смеса која не се рони. Доколку смесата е сува, додајте уште малку млеко, а ако е леплива, додајте уште малку бисквити.

Со рака втиснете ја смесата на дното од калапот и израмнете. Прекријте со најлонска фолија за да се суши додека се приготвува кремот од сирење. Крем од сирење: прелијте го желатинот со 6 лажици вода и оставете да набубри околу 5 минути.




Сирењето, медот и течната слатка павлака кратко измешајте ги со миксер за да се соединат сите состојки. Набубрениот желатин растопете го на најтивок оган, додајте 4 лажици од смесата со сирење, загревајте со постојано мешање додека да се добие течна, мазна смеса.




Течната смеса со желатинот излејте ја во тенок млаз во смесата од сирење со постојано мешање со миксер и матете уште некоја минута додека состојките да се спојат. Веднаш нанесете преку подлогата од бисквити, израмнете и оставете во фрижидер, додека се приготвува Нугат кремот.

Нугат крем: Чоколадото растопете го на пареа или во микробранова печка. Додајте лажица кисела павлака со енергично мешање. Смесата ќе започне да се згуснува. Додавајте го остатокот од киселата павлака, лажица по лажица со енергично мешање.

Со секое следно додавање на лажица кисела павлака, смесата ќе станува поретка. Ако смесата е прегуста за излевање, кратко загрејте ја на пареа или во микробранова печка. Веднаш прелијте преку кремот од сирење.

Ако сакате поинтензивен вкус на лешник, преку нугат кремот веднаш наросете мелени лешници. Оставете преку ноќ, најмалку 6 часа во фрижидер.