Додека гледате ТВ правете го ОВА – добро е за циркулација и мазна кожа без целулит!

Убава фигура, рамен стомак и мазна кожа е сон на секоја жена, а за да се постигне сето тоа потребен е голем труд и мака. Редовно вежбање, здрава исхрана, антицелулитни масажи… често се недостижни поради недостиг на време или финансиски средства, па токму поради тоа борбата со целулитот се растегнува до бесконечност.

 

Затоа, кога сте дома и гледате телевизија, наместо да консумирате разни грицкалки и закуски, одлучете се за примена на антицелулитна самомасажа.

Пред самата масажа, кожата мора задолжително да се намачка со лосион, за да бидете сигурни дека е доволно хидратизирана. Наместо обичен лосион можете да земете и некој антицелулитен крем за побрзо постигнување на резултатите.

Антицелулитните препарати најчесто се на база пеперминт, гуарана, кофеин, бршлен…и помагаат во подобрување на циркулацијата, па на тој начин се подига темепратурата на телото, што е од голема помош за ослободување од токсините па дури и од вишокот масни наслаги.

 

Кога ќе ја примените антицелулитната самомасажа, притискајте со рацете и лесно штипкајте го делот кој го третирате, за да може што подлабоко да продре кремот во подлабоките слоеви на кожата.

Кога ќе почувствувате „перничиња“ од насобрани токсини под кожата, обидете се да ги разбиете со притисок. Со прстите опфатете ја кожата и со кружни движења масирајте во насока од колениците кон бедрата.

Притискајте ги прстите или дланките и повлекувајте со едно движење од долу кон горе, а на тој начин ќе ја зголемите циркулацијата на лимфата и ќе овозможите подобра исхранетост на ткивото.

 

При борба со целулитот, масажата е само една од чекорите кои треба да ги применете за да го постигнете посакуваниот резултат. Затоа, не заборавајте во текот на денот да испиете доволно количина вода, и да вметнете во вашето мени повеќе свежо овошје и зеленчук, а сето тоа заедно искомбинирајте го со некоја физичка активност.

Loading...