Додадете сода бикарбона додека варите јајца – причината е генијална

За секој проблем постои решение и навистина е така, барем кога станува збор за варени јајца.

Овде се работи за еден фантастичен трик кој многу ќе ви го олесни животот.

Експертите велат дека јајцата кои се стари помеѓу 7 и 10 дена се идеални за варење и најлесно се лупат. Сигурно сте забележале дека некои јајца ги лупите без проблем, а некои други, иако биле во истата кутија, се проблематични, со залепена белка и ви задаваат вистинска мака.

За да ги одбегнете таквите непријатни изненадувања, додека се варат јајцата, во водата додадете една лажичка сода бикарбона.

Постарите јајца се лупат полесно, а кај свежите е обратно, односно доаѓа до проблем при отстранување на лушпата. Еве што прави сода бикарбоната: ја зголемува влажноста и подоцна јајцата се лупат без никаков проблем. Пробајте.

Loading...