Во последно време, сѐ почесто можеме да забележиме дека една од главните теми на социјалните мрежи е менталното здравје и подобрување на сопствената личност. Но, не треба да заборавиме дека и пред постоењето на интернетот, нашите баби и прабаби лесно можеле да препознаат кога некој не ви посакува добро.

Нашите предци добро ги препознавале луѓето кои се нарцисти и манипулатори, а секогаш велеле дека луѓето со високоенергетски вибрации се издвојуваат од останатите и се гледаат „од авион.“ Луѓето кои имаат добро срце се силни, креативни, позитивни и многу е важно да ги имате во близина.

Тие речиси и да не поседуваат негативности, па затоа често се мета на психопатите и нарцистите. Луѓето со високоенергетски вибрации се разликуваат од другите луѓе по неколку особини кои може да ги забележите:

Многу се искрени кон самите себе, но и кон останатите. Овде не зборуваме за искреност кон другите луѓе, иако и тоа е многу важно, туку за искреност кон самите себе. Луѓето со високоенергетски вибрации не се лажат себеси, не се ставаат над другите и не го омаловажуваат своето достоинство.

Тие ги разбираат нивните највисоки духовни задачи. Тие знаат дека лажењето на самите себе е спротивно на филозофијата на добрата. Овие луѓе поседуваат самосвест. Личноста со висока вибрациона енергија ги разбира своите повисоки цели. Тие знаат што сакаат и како да ги постигнат своите цели, без да им наштетат на другите во нивната околина.

Секојдневно се развиваат, сакаат да станат подобри и не се плашат да признаат кога грешат. Не ја префрлаат одговорноста на други. Свесни се дека нивниот живот главно зависи од нивните одлуки и никогаш не ги обвинуваат другите за нивните проблеми.

Не го менуваат своето мислење под притисок на општеството. Ако некој побара од нив да направат нешто што е спротивно на нивните ставови и мислења, тие ќе го одбијат тоа. Ништо нема да ги натера да се предомислат под притисок. За нив најважна е нивната чест и достоинство.

Тие се сочувствителни. Луѓето со високи вибрации знаат како да ги почувствуваат емоциите и расположението на оние околу нив. Таквата личност веднаш сѐ гледа и забележува, бидејќи знае да поддржи и да покаже сочувство кон оној кому му е потребно. Тие се многу добри слушатели и со нив можете да бидете сигурни дека го слушнале секој ваш збор, но и ви дале искрен совет.

Ги знаат своите приоритети и имаат поставено јасни граници. Не секој е во состојба правилно да ги постави своите приоритети. Овие луѓе совршено знаат што треба да направат во одреден момент, што им е приоритет, а што не. Тие секогаш внимателно ги избираат приоритетите, а неважните работи ги оставаат настрана.

Имаат развиена интуиција. Овие луѓе никогаш нема да ја изневерат довербата на другите луѓе. Знаат да изберат кому да веруваат, а на кого не. Добро ги оценуваат другите и ретко прават грешки. Не бараат признание. Тие не се алчни или ситничари и никогаш нема да ги стават парите и работата на прво место. Тие не се стремат кон моќ и признание од другите.

Најважно им е да веруваат во себе и тоа им е доволно. Не се манипулатори. Луѓето со видливи енергетски вибрации нема да манипулираат со другите за да го добијат она што го посакуваат. Тие исто така нема да ви го наметнуваат своето мислење од лична корист. Од нив ќе добиете совет само ако го побарате.