Директно од Pим ни пристига рецепт за кремасти макарони: имаат одличен вкус затоа што се готват во специјален сос

Вакви не сте пробале, ова е нов, италијански рецепт – макарони со леблебии (наут). Ако ги сакате леблебиите, тогаш не прескокнувајте го овој рецепт, бидејќи нема да се покаете. Италијанците открија како лесно и брзо да се приготви вечера која ќе му се допадне на целото семејство.




Најпрво се приготвува сосот, а доколку не ги сакате малите, солени рипчиња – инчуни, тогаш можете да ги исфрлите од рецептот, а потоа во сварениот сос да ги приготвите макароните. Тие сè ќе впијат, па нивниот вкус ќе биде уште подобар и покремаст. Послужете ги со капрезе салата или некоја друга по ваша желба.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г тестенини, 2 чешниња лук, 2-3 гранчиња рузмарин, 20 г инчуни во масло (мали, солени рипчиња), 400 г варен наут (леблебија), 250 г пелати (домати од тегла или конзерва), малку маслиново масло и зачини по вкус




ПОСТАПКА: На малку загреано маслиново масло пропжете ги цели чешниња лук, а потоа додајте го рузмаринот. Пржете минута-две додека да се ослобат сите ароми и вкусови, па дури потоа додајте ги инчуните.




После неколку минути динстање додајте ги пелатите (крупни парчиња домати од тегла). Гответе кратко додека да се изедначат и помешаат вкусовите, а потоа додајте ги претходно сварените леблебии.




Леблебијата/наутот одвечер се покиснува во вода, а потоа следниот ден се вари додека да омекне зрното. Откога ќе ги додадете леблебиите во сосот, оставете ја смесата некое време да крчка, а потоа извадете ги рузмаринот и лукот.




Во смесата додајте 1 литар топла вода, па посолете и запиперете по вкус. После некое време со помош на решеткаста лажица извадете речиси половина (или третина) од леблебиите и додајте малку вода, па изблендеријате ги со рачен миксер (или во обичен).




Миксајте додека да добиете изедначена кремаста смеса како паштета (ќе послужи за згуснување на сосот). Додајте малку маслиново масло (околу една лажичка) и помешајте со лажица. Во сосот кој врие додајте макарони со облик по желба, па оставете да се издинстаат.




Кога макароните се речиси готови, додајте ја изблендираната „паштетата“ од леблија и промешајте. Кога течноста ќе се намали, макароните се готови. Деталите погледнете ги ОВДЕ.

Претходна статијаМакедонска пита: рецепт стар еден век, се прави многу лесно и без оклагија
Следна статијаТРИ рецепти наречени „Имунитет“ за сува кашлица, настинка и грип, а може да ги пијат и деца