Чистиот јаворов сируп крие повеќе од 20 лековити својства, додека некои истражувања ги докажуваат неговите антиканцерогени и антибактериски својства. Кората од јавор е богата со сируп кој е наменет за чистење и детоксикација на организмот.

Сирупот се зема директно од кората на дрвото и се вари во вода до посакуваната густина. Наликува на редок мед и има темнокафеава боја. Калориската вредност е 275 килокалории.

Овој медицински сируп има многу позитивни влијанија врз организмот: ги исфрла сите насобрани наслаги од цревата, ги ослободува тенките влакненца кои служат за апсорпција на хранливите материи, спречува појава на болести кои се јавуваат како резултат на акумулација на токсични работи во цревата.

Понатаму, ги чисти бубрезите и целиот дигестивен систем, го ослободува телото од токсини и го намалува притисокот врз нервите, го намалува притисокот врз артериите и кр-вните садови, го оржува младешкиот изглед.

Поради големите количини на цинк и манган го зајакнува имунитетот и помага против вируси и настинки, го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања, помага во борбата против ракот. Јаворовиот сируп има уште многу други позитивни влијанија чиј список е огромен.

Јаворовиот сируп може да се користи како замена за белиот шеќер и штетните вештачки засладувачи кои честопати се користат за да се одбегнат калориите. Многумина луѓе додаваат јаворов сируп во своите утрински оброци за се наполнат со енергија.

Меѓутоа, освен во исхраната, овој популарен засладувач има толку многу придобивки за здравјето и за убавината, што стана еден вид вистинско течно злато. Во продолжение прочитајте кои се придобивките од јаворовиот сируп за вашето здравје и за вашиот изглед.

Го зајакнува вашиот имунолошки систем

Додавањето малку јаворов сируп на вашиот утрински појадок може да ја зајакне вашата одбрана од вируси. Овој природен засладувач е одличен извор на цинк кој го враќа нивото на белите кр-вни зрнца и го зајакнува вашиот имунолошки систем. Исто така, јаворовиот сируп има моќни антимикробни својства и докажано е дека се бори против некои многу отпорни бактерии.

Добар е за вашата кожа

Јаворовиот сируп содржи 24 антиоксиданси, а едно истражување докажа дека ако го замените целиот рафиниран шеќер со природни засладувачи, како што е јаворовиот сируп, вкупниот внес на антиоксиданти ќе се зголеми исто колку и да сте јаделе цела порција ореви или шумско овошје.

Поради својата висока содржина на антиоксиданти, јаворовиот сируп може да ја заштити вашата кожа од оштетување предизвикано од слободните радикали, за кои се верува дека доведуваат до предвремено стареење на кожата.

Ве одржува хидрирани

Повеќето луѓе се запознаени со придобивките на јаворовиот сируп, но голем број од нив не знаат дека јаворовата вода може да понуди уште повеќе здравствени придобивки.

Јаворовата вода не е иста како јаворовиот сируп, иако потекнува од истиот извор. Направена е од подземна вода измешана со сок, но и покрај тоа што е вкусна, содржи само 2% шеќер. Некои спортисти велат дека хидрира двојно повеќе од обичната вода и им помага да останат хидрирани за време на тренинзите.

Добар е за здравјето на мажите

Јаворовиот сируп може да помогне и во одржувањето на репродуктивното здравје кај мажите. Многу минерали што се наоѓаат во јаворовиот сируп, особено цинкот, се корисни за здравјето на мажите, па дури можат да помогнат и во намалувањето на ризикот од рак на простата.

Помага во намалување на вишокот килограми

Јаворовиот сируп ги исфрла токсините од организмот, а истовремено го прочистува. Со тоа помага во намалување на вишокот килограми бидејќи го заменува белиот шеќер, заситува и дава енергија за поголема изведување на поголема физичка активност.

Ја зголемува вашата енергија

Јаворовиот сируп е одличен извор на минерали кои му даваат на вашето тело дополнителна енергија, а некои компании дури започнаа да го додаваат овој природен засладувач во спортските пијалаци.

Јаворовиот сируп содржи јаглехидрати, кои служат како извор на енергија пред тренинг, а изобилството од антиоксиданти во него ќе ви помогнат побрзо да закрепнете по интензивното вежбање. Исто така, јаворовата вода може да ви помогне во зајакнувањето на перформансите и да ви помогне да ги издржите интензивните кардио вежби.

Ја прави косата сјајна

Хидрираноста не придонесува само за целокупното здравје, туку и за изгледот на вашата коса бидејќи влијае врз цврстината и на нејзиниот раст. Бидејќи јаворовата вода хидрира повеќе од обичната вода, таа може да додаде сјај и еластичност на вашите влакна.

За да ја оживеете сувата коса, изгмечете една излупена банана и авокадо, па во смесата додадете малку маслиново масло и јаворов сируп. Нанесете ја смесата на вашата коса и измијте ја со шампон по 20 минути. Резултатите се забележливи по 2 користења на оваа смеса.

Добар е за вашето срце

Освен што го засладува вашиот појадок, јаворовиот сируп може да го подобри здравјето на срцето. Благодарение на високата содржина на цинк, јаворовиот сируп може да спречи разни кардиоваскуларни заболувања, како што се мозочен удар и атеросклероза. Исто така, цинкот може да ги направи вашите кр-вни садови посилни со подобрување на функцијата на клетките што ја сочинуваат внатрешната обвивка на артериите.

Употребата на овој сладок сируп има широк спектар. Покрај тоа што можете да го користите како замена за шеќер во кујната за да направите разни десерти, можете да го користите за засладување на пијалаци или да го користите во комбинација со сурови овошни салати.

Диета со јаворов сируп

Покрај замена за шеќер, можете да го користите и за детоксикација на организмот, што ќе овозможи здраво слабеење. Овој сируп го забрзува варењето, го забрзува метаболизмот и придонесува за здравјето на црниот дроб.

Стенли Бароуз во книгата Искуството за чистење ги потврдува позитивните страни на детоксикација со лимонада и јаворов сируп, а можете да го подготвите сами дома. Оваа диета е наменета за чистење на организмот, а слабеењето е несакан ефект на овој процес. Се спроведува 5-10 дена проследено со минимум 40 дена одмор.

Пред да започнете со оваа диета, намалете го внесот на газирани пијалоци и кафе. Недостаток на кофеин може да предизвика главоболки, па може да земете витамин Б5 како замена. Пред отпочнување на оваа диета потребно е да се консултирате со вашиот лекар.

Потребни состојки: 2 лажици лимонов сок, 2 лажици јаворов сируп, 1/10 лажичка лута пиперка (прстофат чили во прав), 300 мл вода.

Оваа диета вклучува исклучиво земање на овој пијалак и ја исклучува целата цврста храна од вашето мени во наредните 5 дена. Можете да пиете од 6 до 12 чаши од оваа лимонада во текот на денот. Ако чувствувате глад, веднаш испијте нова чаша.

По чистење на телото, не се враќајте веднаш на стариот начин на исхрана, бидејќи без внес на цврста храна, желудникот се става во мирување. Многу е важно постепено да се враќате на нормалната исхрана. По диетата, во вашето мени полека започнете да вклучувате лесна и здрава храна полна со витамини и протеини. Започнете со овошни сокови, супи, чорби, овошје и зеленчук.

Диета со јаворов сируп и лимон не треба да ја користат луѓе кои имаат трансплантирано орган и кои земаат имунолошки лекови, како и оние на возраст под 18 години.

Покрај органските киселини, напитокот содржи и неоргански киселини како хлороводородна, фосфорна и сулфурна киселина, па во големи количини би можеле да предизвикаат алергиски реакции или иритација на дигестивниот систем. Пред да отпочнете со користење на диетата со јаворов сируп, консултирајте се со вашиот лекар. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска.