Препорачана според филозофот Петар Дунов – диета со јаболка и ореви.

Диетата со јаболка и ореви бескомпромисно се справува со натрупаните масни наслаги. Режимот на Петар Дунов безмилосно го топи салото, претставува еден од најпопуларните меѓу жените, не само кај нас на Балканот, туку и пошироко во светот.

Диетата со јаболка и ореви е прочуена како една од најдобрите средства за топење на вишокот килограми.

Диетата е релативно кратка, трае само 10 дена, но бидејќи е еднолична, не е лесна, па може да се скрати само на неколку дена колку за прочистување. Се консумираат единствено јаболка, интегрални житарици, мед, ореви и вода.

Диета со јаболка и ореви – мени

Во текот на 9 дена се приготвуваат по 100 грама интегрални житарици (секој ден). Приготвените житарици (начин прочитај подолу) се делат на три порции: за појадок, ручек и вечера. Во текот на денот мора да се испијат 2 литри вода која не смее да биде од чешма, туку исклучително изворска или филтрирана.

Начин на приготвување на житариците:

100 грама интегрални житарици се прелеваат со 2 чаши зовриена вода. Се складираат во термос и се затвораат, семето добро да набубри и омекне.

Житото се приготвува одвечер, а следниот ден се процедува. Процедената течност задолжително се пие во мали голтки. После еден час откако ќе се испие течноста, се јаде првата третина од житото.

За подобрување на вкусот може да се додаде лажичка мед. Се консумира и едно јаболко и еден грст ореви.

Оваа порција (жито, рендано јаболко, ореви и лажичка мед) се јаде за појадок, ручек и вечера.

Интегралните житарици (пченица) се препорачува да бидат органски и да не се третирани со хемикалии. Исто така, оревите се препорачува да бидат сирови.

Десеттиот ден од диетата, освен жито се консумира и “ангелска супа”. Супата се приготвува од следните намирници: 500 мл вода, неколку чешниња лук, 3 компири, 1 праз, 1 китка магдонос, малку црн пипер и минимално количество на сол

Супата издинстајте на тивок оган додека да омекне зеленчукот, а потоа доколку сакате изблендирајте ја со рачен миксер. Исто така, се распределува во два или три оброци.

Кога ќе заврши диетата, не смеете веднаш да се вратите на вашата претходна исхрана, туку постепено воведувајте лесно сварливи намирници.

Напомена: Пред отпочнување на диетата задолжително консултирате се со лекарот.