Диета со кисело млеко – за 7 дена ќе бидете полесни 4 – 6 кг

Ќе ви биде тешко само првите 2 дена, но ако сакате успех ќе издржите и набрзо ќе ги видите резултатите.

Ако сакате за кратко време да влезете во форма, ви нудиме една фантастична диета. Диетата трае 7 дена и се намалуваат од 4 до 6 килограми.

Принципот е следниот: јадете кисело млеко кога сакате и колку сакате. Притоа можете да додадете и други видови храна според правилата:

1, 2, 3 ден

Може да додадете варен ориз или компири во менито. Никакви газирани пијалаци! Од алкохол дозволено е само бело вино и тоа не повеќе од 1 чаша.

4, 5, 6 ден

Освен кисело млеко можете да јадете и пилешко филе варено или печено. Може да додадете и свежа салата. Без алкохол и газирани пијалаци.

7 ден

Кисело млеко и овошје. Само без банани и грозје. Може да си дозволите чаша вино. 

Важно е откако ќе завршите со седмиот ден да внимавате на количините кои ги внесувате и никако не смеете да дозволите прејадување. 

Постепено зголемувајте ја количината и додавајте ги другите видови храна.
Накратко, тоа е!

Ќе ви биде тешко само првите 2 дена, но ако сакате успех ќе издржите и набрзо ќе ги видите резултатите.

Loading...