Фотографии на Ленче Гогова – Пилешко дробче динстано во многу кромид и зачини по вкус – во рерна!

Идејата за ова превкусно јадење од пилешки дроб и фотографии од подготовката ни ги претстави нашата драга членка Ленче Гогова во групата НМД рецепти. Доколку сакате да си приготвите нешто брзо, вкусно и хранливо, ова е одличен предлог.

Консумирањето на пилешкиот дроб не само што не е штетно, туку е и многу корисно доколку се води сметка за препорачаните хранливи материи – тврдат експертите. Пилешкиот дроб можете да го приготвите на многу различни начини, во разни сосови и да ги послужите со различен прилог.

Потребни состојки:

500 г пилешки дроб, 400 г печурки, 1 главица кромид, 1 чешне лук, 100 г брашно тип 550, сув зачин, 50 мл пасирани домати, 100 мл бело вино, слатка мелена пиперка, сол, црн пипер.

Постапка:

На масло пропржете ги печурките исечени на тебели листови, зачинете и откако ќе испари течноста префрлете ги во чинија. Во истото масло пропржете го ситно исечканиот кромид и ренданото чешне лук. Посолете и запиперете, па соединете во чинијата со печурките.

По потреба додадете малку путер и масло, па запржете го дробот претходно извалкан во мешавина од брашно и црвен пипер. Поклопете со капак за да не прска.

Кога дробот е готов посолете го и запиперете го, па додадете ги печурките и пржениот кромид, полијте со бело вино, па заедно динстајте уште малку, колку да добие убав кремаст изглед. На крај додадете го доматниот сос и динстајте уште 1-2 минути. Послужете со варен ориз. Предноста на ова јадење е што валкате само една тава.

Потребни состојки:

500 г пилешки дроб, 500 г кромид, маслиново масло за пржење, 1-2 ловорови листови, прстофат мајчина душичка, сол и црн пипер, 120 мл суво бело вино, ½ китка магдонос.

Постапка:

На маслиново масло пропржете го кромидот додека да застакли. Додадете го пилешкиот дроб, претходно исчистен, измиен и исушен со хартиена салветка, ловоров лист, мајчина душичка, сол и црн пипер.

Со повремено мешање динстајте на средна температура околу 15 минути, па прелијте со виното, почекајте да испари и наросете со сечкан магдонос. Послужете со кисела павлака и тостиран домашен леб.

Coolinarika.com