Сите сакаме перниците да ни бидат чисти и снежно бели, бидејќи многу често се валкаат, на нив остануваат жолти дамки кои со текот на времето потемнуваат, а често во нив се создаваат и грини.

Во овој текст ќе прочитате неколку идеи кои ќе ви помогнат подобро да ги дезинфицирате вашите перници и тоа без употреба на хемикалии. Освен тоа, ќе ги отстраните и тврдокорните дамки.

Доколку вие имате некој проверен рецепт, за тоа како ја одржувате чистотата на перниците, споделете го во коментар за читателите на НМД.

СОДА БИКАРБОНА И АЛКОХОЛНА КИСЕЛИНА

Потребни состојки:

80 г сода бикарбона
125 мл бел оцет

Постапка:

Овие состојки ставете ги во машината за перење на алишта, во преградите наменети за прашок. Во барабанот ставете ги перниците, но внимавајте на пропишаната тежина. Вклучете го програмот на кој вообичаено ги перете.

Од оваа мешавина ќе излезат тврдокорните дамки и перниците ќе блескаат. Ова е најздравиот метод кој ги заменува омекнувачите, за кои се смета дека се штетни по здравјето. Со овој метод можете да ги перете и белите алишта.

ВРЕЛА ВОДА И ЛИМОН

Ова е вториот начин: Ставете вода да зоврие, а потоа исцедете 5-6 лимони. Во оваа вода потопете ги перниците и оставете да киснат околу два часа. Потоа исцедете ги и ставете ги да се сушат.

СОДА БИКАРБОНА И ЕТЕРИЧНО МАСЛО

Потребни состојки:

80 г сода бикарбона
10 капки етерично масло (може од лаванда)

Постапка:

Измешајте ги овие состојки, а потоа смесата додадете ја во врелата вода во која сте ги потопиле перниците. По неколку часови исплакнете и исушете.