I РЕЦЕПТ – „Индијанка” – Еден старински колач од тефтерот на баба ми, а толку е кремаст и мммм. Ова е рецептот на мајка ми – прекрасен кремаст колач. Потребни состојки: 6 белки, 200 г шеќер, 1 ванилин шеќер, 2 лажици брашно, 200 г мелени ореви.

За крем: 6 жолчки, 6 лажици шеќер, 1 пудинг од ванила, 1 лажица брашно, 500 мл млеко, 200 г путер/маргарин, 100 г шеќер во прав, 200 мл слатка павлака за шлаг.

Постапка: Изматете снег од белки, додавајте шеќер постепено, па на крај со лажица промешајте ги оревите и брашното.

Истурете во намастен и набрашнет калап па печете на 180 степени. За фил: измешајте жолчки, шеќер, ванилин шеќер, пудинг и лажица брашно, па сварете ги во млекото како пудинг.

Во изладениот пудинг додајте пенасто изматен путер со шеќер во прав. Добиениот крем нанесете го врз печената и изладена кора, а одозгора завршете со шлаг. Украсете по желба, изладете во фрижидер и уживајте.

II РЕЦЕПТ – Уживање кое се топи во уста – кремаст млечен колач. Фотографија и рецепт на Александра Шуманова.

Рецептот за овој вкусен и кремаст колач ни го претстави нашата драга членка Александра Шуманова во групата НМД рецепти. Колачот е нежен и буквално се топи во уста.

Потребни состојки за кора: 5 белки, 200 г шеќер, 1 ванилин шеќер, 100 г мелени ореви, 100 г рендано чоколадо, 1 прашок за печиво, 100 г брашно. За глазура: 50 г путер/маргарин, 2 лажици млеко и 100 г чоколадо.

За фил: 5 жолчки, 100 г брашно, 2 лажици нишесте/густин, 500 мл млеко, 200 г шеќер, 1 ванилин шеќер, 200 г путер и 150 г шеќер во прав.

Постапка: Пенасто се матат белките со постепено додавање на шеќерот и ванилата. Се мати додека тој да се растопи и да се добие цврст и сјаен снег.

Со лажица се додаваат 100 г мелени ореви, 100 г рендано чоколадо, 1 кесичка прашок за печиво и 100 г брашно.

Фотографија и рецепт на Александра Шуманова

Смесата се излева во помал плах обложен со хартија или намастен и набрашнет и се пече во загреана рерна на 200 степени околу 15-20 минути. Откако ќе излади се пресекува на две кори.

За фил: Жолчките се матат со виљушка заедно со 100 г брашно, да нема грутчиња, се додаваа и 2 лажици густин и 250 мл млеко.

Остатокот од млекото се загрева, па кога ќе зоврие се трга на страна, се меша со приготвената смеса и се враќа на оган уште неколку минути со постојано мешање додека да згусне.

Се трга на страна и се остава покриено целосно да олади. Пенасто се мати путерот со шеќер во прав па се соединува со изладениот крем. Редење: Кора – ½ фил – кора – ½ фил – глазура.

III РЕЦЕПТ – Секоја недела го правам овој колач зошто е брз, едноставен, целиот кремаст и што е најважно, децата многу ми го сакаат. Го правам многу често, речиси секоја недела, затоа што е брз, едноставен, целиот кремаст и што е најважно, децата многу ми го сакаат.

Потребни состојки: 7 јајца, 30 лажици шеќер, 7 лажици меко брашно, 200 г густин, 6 ванилин шеќер, 2 литри млеко, 500 мл вода, 1 кора лиснато тесто (реш печена), 500 мл слатка павлака за шлаг.

За чоколадна глазура: 100 г чоколадо, 2 лажици масло, 80 г путер или маргарин.

Постапка: Одвојте ги белките од жолчките во посебни садови, па во секој сад ставете по 15 лажици шеќер и 3 кесички со ванилин шеќер. Прво изматете ги белките во цврст снег и тргнете го настрана.

(Подобро се мати кога прво ќе ги изматите само белките во цврст снег, а потоа постепено ќе го додавате шеќерот и ќе матите додека тој се растопи).

Потоа во другиот сад изматете ги жолчките со шеќерот, па додавајте по ред: 300 мл млеко, брашно и густин.

Во поголем сад ставете 500 мл вода и 1700 мл млеко, па кога ќе зоврие со миксање со миксерот сварете ја смесата со жолчките на тивко (околу 5 минути). Тргнете од оган и во врелиот крем со лажица додајте го и измешајте го снегот од белки.

Во една тепсија ставете ја печената кора од лиснато тесто и врз нејзе излејте го врелиот крем.

Оставете да излади. Потоа, ставете 500 мл изматена слатка павлака и полека прелијте со чоколадна глазура. Јас ја подигам тепсијата од едниот крај и полека со лажица ја нанесувам глазурата за да може таа да се слева врз шлагот.

IV РЕЦЕПТ – Брз летен колач – многу вкусен и кремаст колач со парчиња овошје кое се топи во уста- за само 15 минути готов. Многу брзо се приготвува, само матите шлаг, без готвење и без печење!

Многу вкусен и освежителен овошен колач.

Потребни состојки: 200 г бисквити, 1 кесичка крем за торти од ванила, 500 мл слатка павлака + 200 мл за шлаг за украсување, 5 свежи праски.

Постапка: Во еден плах со средна величина наредете бисквити натопени кратко во млеко. Изматете 500 мл слатка павлака во цврст шлаг и пред крајот додајте му ја содржината од кесичката за крем со вкус на ванила (јас користам од д-р Еткер крем за торти со слатка павлака – ванила).

Праските измијте ги, излупете ги и исечете ги ги ситно. Преку бисквитите нанесете ја слатката павлака со кремот од ванила, врз неа распоредете ги праските, а преку праските изматената слатка павлака како шлаг.

Добро изладете фо колачот во фрижидер пред послужување, а потоа исечете го и уживајте во вкусот.

V РЕЦЕПТ – МАНЧМЕЛОУ кремаст колач кој се топи во уста. Многу убав колач, кремаст, се прави од евтини состојки, а излегува многу. Често го правам.

Потребни состојки: 6 јајца, 6 лажици шеќер, 6 лажици полни до врв остро брашно, 2 лажици полни до врв какао, 1 прашок за печиво, 100 мл млеко.

За прелив на кората: 300 мл вода, 5 лажици шеќер. За фил: 1 литар млеко, 2 пудинг од ванила, 5-8 лажици шеќер (зависи по вкус), 1 ванилин шеќер, 4 лажици полни до врв гриз, 250 г путер/маграрин.

За глазура: 150 г црно чоколадо, 70 г путер/маргарин, малку масло за да се добие мазна структура.

Постапка: За приготвување на кората направете го следното: Измешајте ги жолчките со шеќер, па додајте млеко, брашно помешано со прашок за печиво и какао.

Белките изматете ги во цврст снег и сето заедно измешајте го. Смесата излејте ја во намастен и набрашнет плех од рерна, па печете на 180 степени околу 15-20 минути.

Уште додека е врела кората прелијте ја со претходно сварен и изладен сируп од вода со шеќер. Изладете го колачот и филувајте го.

За фил: Од еден литар млеко одвојте малку за да го промешате пудингот со шеќер и гриз. Остатокот ставете да на оган да зоврие, па во него сварете ја смесата со постојано мешање, околу 5 минути додека да згусне.

Оставете го кремот да излади па во него додајте изматен путер и заедно уште еднаш изматете ги за да се соединат.

Кремот нанесете го врз изладената кора. Одозгора прелијте со глазура. Глазурата ќе ја приготвите на следниот начин: во еден сад заедно растопете путер и чоколадо.

Ова правете го на тивок оган или во рерна на 100 степени, па кога ќе го извадите садот промешајте за да се соединат состојките. Потоа додајте толку масло колку да добиете мазна глазура кој ќе може убаво да се прелие врз колачот. Глазурата не мора да биде врела.

VI РЕЦЕПТ – Првпат го правам, брз и едноставен а изгледа совршено – чоколаден кремаст колач. 

Потребни состојки: 100 г шеќер, 200 г путер/маргарин, 100 г чоколадо за готвење, 4 лажици брашно, 1 прашок за печиво, 4 јајца. За крем: 200 г чоколадо за готвење (или нутела), 500 мл слатка павлака, 1 лажица шеќер.

Постапка: Жолчките изматете ги со шеќерот, додајте растопени и изладени путер и чоколадо, па брашно помешано со прашок за печиво и на крај снег од белки (белките измешајте ги полека и внимателно со лажица).

Печете во тепсија 20х35 см на 180 см околу 20 минути (проверете со чепкалка).

Фил: слатката павлака загрејте со шеќерот на тивко, тргнете на страна па додјете го искршеното чоколадо и мешајте додека да се растопи. Печениот бисквит избоцкајте го со виљушка на неколку места и додека е топол прелијте го топлиот крем.

Кремот е доста редок но нема потреба да се микса или да се додава било што друго, зошто кога ќе излади ќе се стегне. Колачот прво се лади на собна температура, а потоа се става во фрижидер најмалку 5 часа добро да излади и да се стегне.

VII РЕЦЕПТ – Многу убав кремаст колач со ореви и кокос. Љубителите на кремасти колачи со овој рецепт ќе бидат воодушевени.

Потребни состојки: 6 белки, 6 лажици шеќер, 100 г кокос, 100 г мелени ореви, 1 прашок за печиво. За крем: 6 жолчки, 6 лажици шеќер, 2 реда (ребра) чоколадо за готвење, 200 г путер, 200 мл слатка павлака, 2-3 шлаг пени.

Постапка: Изматете 6 белки со 6 лажици шеќер во цврст шам. Додајте кокос, мелени ореви и прашок за печиво. Мешајте со шпатула или дрвена лажица, а потоа истресете во плех и печете во загреана рерна на 190 степени околу 10-15 минути.

За крем: 6 жолчки и 6 лажици шеќер сварете ги на пареа додека кремот да се згусне.

Додајте 2 ребра чоколадо за готвење постојано мешајќи додека чоколадото не се растопи. Тргнете од пареа и оставете да излади. Измиксајте 200 мл слатка павлака во шлаг и оставете на страна.

Во ладниот крем додајте го омекнатиот путер и миксајте. На крај, додајте го и изматениот шлаг и мешајте со шпатула. Кремот нанесете го врз изладената кора, а на крај декорирајте со шлаг пена.

VIII РЕЦЕПТ – Сочен и кремаст колач со гриз кој не се пече. Вкусен колач без печење.

Потребни состојки: 600 мл млеко, 6 лажица пченичен гриз, 5-6 лажици шеќер, 2 лажици какао во прав, 2 реда чоколадо за готвење (20-тина грама), малку арома од рум, по желба.

За крем: 1 пудинг од ванила, 250 мл млеко (за пудингот), 3 лажици шеќер, 1 ванилин шеќер, 80 г крем шлаг со вкус на ванила, 200 мл млеко +- за шлаг, какао за украсување (не е задолжително).

Постапка: Прво сварете го пудингот во 250 мл млеко со 3 лажици шеќер и 1 ванилин шеќер, според упатството на кесичката.

Сварениот пудинг префрлете го во друг сад и промешувајте повремено за да не фати коричка. Ќе биде многу густ, но така треба.

Во еден сад измешајте гриз, какао и шеќер со малку млеко. Во тенџерето ставете го остатокот од млекото и ставете на оган, па кога ќе зоврие додајте го гризот и мешајте додека да згусне.

Тргнете од оган, па додајте го чоколадото искршено на коцки и мешајте додека да се растопи.

Потоа додајте рум, промешајте и добиената смеса излијте ја во мокра тепсија или калап 30х18 см. Доколку ви се брза, земете поголема тепсија со ладна вода па тука ставете го садот со гриз за побрзо да излади.

Шлагот изматете го со млеко, според упатството. Подобро е да биде погуст, отколку поредок. Затоа и се користи шлаг крем а не шлаг пена.

Досега би требало пудингот да излади, само малку изматете го со миксер за да биде покремаст. Во пудингот додајте неколку лажици шлаг и добро изматете со шпатула, за да се разреди смесата.

Потоа додајте го и остатокот од шлагот и нежно измешајте, изедначете. Добиениот крем распоредете го преку изладената подлога од гриз и израмнете.

Колачот добро изладете го, барем 4 часа, па сечете на коцки и украсете со какао и рендано чоколадо./Сoolinarika.сom

IX РЕЦЕПТ – Ова е колач на сите колачи! Кремаст, овошен и сочен. Не можете да останете рамнодушни на овој колач.

Потребни состојки: 8 белки, 70 г шеќер, 150 г мелен мак, 50 г кокос, 50 г мелени бадеми, 1 лажица (15 г) пченкарен густин (скроб), 2 лажици прашок за печиво + 150 мл врело млеко за прелевање на кората.

За КРЕМ: 8 жолчки, 100 г шеќер, 2 ванилин шеќер, 1 литар млеко, 100 г пченкарен густин (скроб), 1 лажица лимонов сок, 1 рендана кора од лимон, 250 г путер/маргарин, 50 г шеќер во прав.

За ОВОШЕН СЛОЈ: 450 г смрзнати вишни, 60 г шеќер, 2 ванилин шеќер, 20 г пченкарен густин (скроб), 4 лажици вода, 2 лажици лимонов сок, 1 лажица (5 г) мелен желатин или 2 листа.

За ГЛАЗУРА ОД БЕЛО ЧОКОЛАДО: 100 г бело чоколадо, 200 г слатка павлака, 1 лажица (5 г) мелен желатин или 2 листа, 25 мл вода, 25 мл лимонов сок.

Постапка: Белките изматете ги со миксер во цврст снег. Додајте шеќер и миксајте додека да се растопи шеќерот.

Додајте го макот и со лажица промешајте, па додајте кокос, бадем, густин и прашок за печиво. Добиеното тесто излејте во плех 40х30 обложен со хартија за печење.

Печете 20 минути во рерна загреана на 180 степени. Печениот бисквит изладете го па прелијте го со врело млеко.

Кога ќе излади, надолжно пресечете го на две кори. КРЕМ: Во еден сад изматете ги жолчките со шеќер и ванилин шеќер. Додајте рендана лимонова кора и густин, па смесата малку разредете го со млеко.

Остатокот од млекото ставете го на оган па постепено додавајте ги жолчките со постојано мешање додека да згусне. Кремот прекријте го со проѕирна фолија и оставете да излади.

Путерот на собна температура и шеќерот во прав пенесто изматете ги, па додајте лимонов сок и заедно измешајте со изладениот крем.

ОВОШЕН СЛОЈ: желатинот потопете го во 2 лажици ладна вода и оставете да набубри. Смрзнатите вишни и шеќер ставете ги да се готват. Кога ќе зоврие, додајте густин разматен со 4 лажици вода и гответе уште околу две минути.

Вишните згмечете ги за да може колачот полесно да се сече. Садот со овошје тргнете го од оган, додајте лимонов сок и желатин па добро измешајте за да се растопи.

Оставете да излади на собна температура.Ако ставате желатин во ливчиња, натопете ги во вода да омекнат, па исцедете и додајте ги во овошјето. Врз една кора распоредете готвени вишни па крем од жолчки.

Покријте со втората кора па прелијте со со топла чоколадна глазура. Ставете во фрижидер. Кога кремот ќе се стегне, колачот сечете на коцки и украсете со половинки вишна.

Глазура: во мал сад натопете го желатинот во мешавина од вода и лимонов сок. Оставете да набубри.

Чоколадото искршето го на парчиња па прелијте со топла, а не врела слатка павлака. Ставете на пареа и мешајте додека чоколадото не се растопи. Тргнете од оган. Желатинот растопете го на тивок оган па во во тенок млаз вмешајте во топлото чоколадо со постојано мешање.

X РЕЦЕПТ – Кремаст колач со мак – кора со белка и крем од жолчки. Ќе уживате во секој залак. 

Се печат 3 кори, а секоја кора се приготвува од следните состојки: 3 белки, 3 лажици шеќер, 1 лажица брашно, 50 г мелен мак, 1 рамна лажичка прашок за печиво (односни, 1 кесичка се дели на три дела за трите кори).

За фил: 9 жолчки, 10 лажици шеќер, 5 лажици брашно, 500 мл млеко, 200 г путер/маргарин. Глазура: 150 г чоколадо, 3 лажици масло.

ПОСТАПКА: Загрејте ја рерната на 200 степени. Изматете пенасто 3 белки па додавајте шеќер и матете додека да се добие цврста пена.

Потоа додајте го брашното, мак и прашок за печиво, па во обложен плех со хартија за печење (30х20 см) истурете ја смесата и ставете да се пече 10-12 минути. Повторете ја постапката уште 2 пати.

За фил: измешајте жолчки, шеќер, брашно и малку ладно млеко, а остатокот од млекото ставете го да проврие.

Сварете ги жолчките во зовриено млеко и мешајте додека да се згусне, па тргнете од оган, прекријте со фолија директно врз кремот и оставете да излади.

Пенасто изматете го маргаринот или путерот па додајте го изладениот крем и сето заедно соединете. Филувајте ги корите со филот од жолчки па прелијте со глазура.

Стопете на пареа чоколадо со масло или во микробранова печка загревајќи по 15 секунди на средна јачина се’ додека да се стопи чоколадото. Оставете колачот со глазурата да се стегне, а користе да се отпуштат и вкусовите да се соединат, па сечете и послужете.