Направете брз и многу вкусен чоколаден десерт во чаша со подготовка од 5 минути. Сè се мати и се излева во чаша, па после само ви останува да го изладите и декорирате по вкус. Потребните состојки секој може да си ги дозволи и веројатно веќе ги имате в кујна. Ви го претставиме првиот рецепт на Кате за чоколаден десерт од 3 состојки и вториот рецепт за домашно Монте. Еве што ви е потребно:

РЕЦЕПТ 1 (чоколаден десерт за 5 минути – Кате) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 мл слатка павлака, 200 г темно чоколадо со висок процент на какао; 200 мл слатка павлака, 200 г бело чоколадо. За декорација: какао или чоколадо во прав, овошје по желба

РЕЦЕПТ 2 (Монте во чаша за 10 минути, подобар од оригиналниот) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 мл млеко, 2 супени лажици шеќер, 1 кесичка пудинг од ванила/павлака (40 г), 100 г бело чоколадо, 250 мл слатка павлака; 500 мл млеко, 2 супени лажици шеќер, 1 кесичка пудинг од чоколадо (40 г), 100 г млечно/темно чоколадо, 250 мл слатка павлака

ПОСТАПКА за рецепт 1: сипете ја павлаката во тенџере и додајте го темното чоколадо искршено на коцки. Ставете на умерено-ниска температура да се загрее додека чоколадото целосно да се растопи и соедини со павлаката. За цело време мешајте со кујнска шпатула и внимавајкте да не ви зоврие.

Добиениот ганаш оставете го најпрво да се олади на собна температура, а потоа и во фрижидер. Кога целосно ќе се олади изматете го со миксер неколку минути додека да добиете кремаста структура. Кафеавиот дел е спремен, па преминете на подготовка на белиот дел:

Павлаката и белото чоколадо загревајте ги на ниска температура идентично како и претходно, со повремено промешување додека чоколадото целосно да се растопи. Откако целосно ќе се олади изматете го со миксер додека да добиете кремаста смеса. Потоа ви преостанува само да ги наполните чашите и да ги декорирате. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. Следи постапката за вториот рецепт:

ПОСТАПКА за рецепт 2: пудинзите сварете ги на вообичаен начин, прво ванилата, а потоа темното: од млекото одземете малку за да го растворите прашокот за пудинг (од ванила), а остатокот заедно со шеќерот ставете ги на оган. Штом зоврие додајте го пудингот и мешајте непрекинато додека да згусне.

Додека е врел пудингот додајте го белото чоколадо искршено на коцки и мешајте додека да се растопи и инкорпорира. Тргнете го светлиот дел настрана, па на подеднакво ист начин сварете го и темниот дел со пудинг од чоколадо. Кога и темното чоколадо ќе се растопи во пудингот, во двете креми додајте по една чаша слатка павлака (не треба да чекате да се ладат).

Мешајте ги наизменично едната и другата смеса додека целосно да се растворат кремите и да се соединат со павлаката со мазна и густа структура. Полнете ги чашите и декорирајте ги по вкус. Послужете ги веднаш или изладени во фрижидер. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.