Денешниот ручек додека трепнеш беше готов – крцкави тиквички од рерна

Јас и мојот сопруг ги обожуваме тиквичките, но децата не се баш некои љубители. Поради тоа секогаш се обидувам некако да ги замаскирам за да ги изедат. Овој обид дефинитивно се исплатеше, сега ми велат: “Кој вика дека не ги сакаме тиквичките?!”

Потребни состојки: 6 тиквички и 2 мали лажички сол. За похување: 4 белки, 2 лажици вода, 1,5 шолја брашно (шолја од 250 мл), 1 мала лажичка лук во прав, ¼ лажичка црн пипер, ¼ мала лажичка сол, ½ шолја пармезан рендан, 2 шолји лебни трошки (презла) и 10-тина лажици масло

Постапка: Тиквичките излупете ги, пресечете ги на половина, а потоа секоја половина пресечете ја надолжно на три ленти. Лентите ставете ги во цедалка, посолете ги и оставете ги да се цедат околу половина час.

После половина час измијте ги тиквичките и исцедете ги од вишокот течност.

Плехот од рерна намастете го за да биде спремен. Тиквичките прво валкајте ги во мешавина од брашно, брашно, пармезан и зачини, па во изматени белки во кои сте додале две лажици вода и на крај во лебни трошки.

Вака похуваните тиквички редете ги во тепсија, испрскајте ги со остатокот од масло и печете ги во загреана рерна на 210 степени околу 35 минути или додека убаво да заруменат.

Coolinarika.com

Претходна статијаОва е најубавото нешто што ќе го видите денес: Најпознатата цветна градина за првпат без посетители
Следна статијаДомашни лепињи кои се приготвуваат со 3 состојки за 10 минути, подобри се од пекарница