Рамноденицата е астрономски настан кога Сонцето се наоѓа директно над земјиниот екватор, предизвикувајќи денот и ноќта да бидат со приближно еднакво траење.

Нашата планета има две годишни рамноденици, една во пролет и една во есен. Пролетната рамноденица е време на преродба. Додека зимата нè остава во повеќечасовна темнина, рамноденицата носи повеќе сончеви часови.

За рамноденицата се знае со векови наназад. Во некои приказни и бајки кои ни ги читале нашите мајки и баби е опишана пролетната рамноденица каде што секое живо суштество „слави“ и го дочекува овој настан. И мечките после долгиот зимски сон се будат од хибернација на овој ден.

Пролетта е убав потсетник за луѓето за да се трансформираат себеси и својот дом. Доаѓањето на пролетта овозможува детоксикација на организмот и чистење на нашиот дом, а доколку го направите ова ќе се чувствувате поенергично отколку претходните месеци.

Ова е затоа што Сонцето повторно се враќа за да донесе нови почетоци и рамнотежа. Додека денот и ноќта се во еднаква рамнотежа, мозокот, телото и природата природно ја следат таа трага. Еве неколку идеи за тоа како можете да извлечете максимум од пролетната рамноденица.

Пролетно чистење на домот

Сигурно сте го слушнале поимот „пролетно чистење“. Ова е затоа што вашите предци ја знаеле важноста на рамноденицата и улогата што ја игра дури и во затворен простор. Еве неколку начини на кои можете да го освежите вашиот дом.

Отворајте ги прозорците што е можно почесто во овој период од годината. Нека бидат добредојдени пријатниот ветар и сончевите зраци кои ќе го освежат воздухот во домот и ќе направат да се чувствувате порелаксирано.

Преуредете го шкафот, кујнските елементи и многу други непотребни работи во вашиот дом кои одамна сте сакале да ги фрлите, но тоа постојано сте го одложувале. Колку помалку работи има во вашиот дом, толку животот ќе ви биде посмирен.

Следете го старото народно правило: ако нешто не се користи една година, не ви е потребно во домот. Иако можеби има неколку работи за кои ова правило не важи, генерално се однесува за повеќето работи. Создадете простор за нешто ново. Ова е една од најважните работи кои треба да ги пречкртате на пролетната листа.

Темелно исчистете го вашиот дом, вклучително и прозорците, климата (која набрзо ќе ја користите секојдневно), рерната и шпоретот и сите оние поголеми работи за кои треба подолго време да се одвои при темелно чистење.

Дозволете им на вашите деца да ги раскренат нивните играчки. Дајте му на секое дете кутија и оставете ги самите да ја наполнат кутијата со играчки со кои не си играат повеќе. Објаснете им дека тоа е потребно за да се направи простор за новите играчки, а воедно ќе ви завршат една обврска.

По чистењето, енергично искадете го вашиот дом со темјан

Ако сте зафатени или немате време да ги извршувате овие задачи, размислете за ангажирање личност да ви помогне околу кадењето. Вреди да се потроши време за прочистување на просторот за живеење, бидејќи истовремено се прочистува и умот.

Медитирајте или молете се секојдневно

Медитирајте или молете се 20 минути секој ден. Започнете ја медитацијата/молитвата прашувајќи се: „Кој сум јас? Како да го унапредам својот и животот на другите?“ Можеби сте го поставиле и одговориле на тоа прашање во претходните медитации/молитви. Тоа е прашање кое постојано се развива и секогаш има одговор. Универзумот/Бог може да има изненадувачки одговор за вас оваа пролет.

Поминувајте што повеќе време на сонце

Температурите се топли и пријатни во овој период од годината. Сонцето за време на рамноденицата има вибрациона енергија што пука од живост и нови идеи. Почесто практикувајте прошетки на чист воздух и во шума и дозволете сонцето да ви го огрее лицето.

Забавна традиција со најблиските

Воспоставете забавен ритуал со вашето семејство, како што е пикник покрај езеро. Но, можете да создадете и своја уникатна традиција. Боење шишарки, сликање, засадување на дрво, планинарање се едни од опциите кои може да ги практикувате секоја недела.

Наградете се себеси оваа пролет

Одвојте време и запишете кои работи ги посакувате и наградете се себеси. Тоа може да биде нова книга, козметичка масажа, одење на фризер или едноставен викенд покрај езеро.

Оживејте ја младоста

Пролетните температури се совршени за трчање, играње, пешачење и уживање во која било од вашите омилени активности. Уживајте во сè ново околу вас. Ослободете се од стресот, потикнете ја креативноста и радувајте се на секој момент од пролетта. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска