Денес е голем празник – На полноќ погледнете во небото и никако не правете ги овие работи

Денеска се слави празникот Преображение Христово – Преображение на Господ Бог. Се верува дека третата година откако започнал да го проповеда своето учење, Исус им зборувал на своите ученици дека наскоро ќе се случат значајни работи.




На овој ден, Исус како да знаел, раскажувал дека тој ќе биде мaчен и pacпнат, дека ќе yмpе и ќе воcкресне. Кај народот постојат повеќе верувања поврзани со овој празник кои постојат и денес.




Се вели дека за среќа, токму на овој ден за прв пат во годината се бере грозје. Грозјето потоа се носи во црквата каде што свештеникот по молитвата го благословува. Освен грозјето, се верува и дека другите есенски плодови носат среќа, па така порано се осветувале и јаболката, сливите, крушите.




Празникот се вика Преображение затоа што, уште во раната зора на овој ден, почнуваат да се преобразуваат гората и водата, најавувајќи ја идната есен. Поради заладувањето на времето се верува дека на тој ден се преобразува природата.




Во народот постои верување дека на овој празник целата природа се преобразува, дека од овој ден ноќите стануваат поладни како и дека почнува да се најавува скорешното доаѓање на есента.




Врежано е мислењето дека на Преображение и небото, во глуво време на ноќта, три пати се преобразува, и дека оној што ќе го види тоа не смее да го кажува никому, зашто ако го обелодени на друг, ќе го изгуби разумот.




Како што се верува, на денешниов ден никако не треба да се бањаме во отворени води, реки и мориња. На Преображение никако не е добро да се спие преку ден, бидејќи кој отспие преку ден, цела година ќе биде дремлив.




Жени, не е добро ни да се плаче на овој ден. Мажи, не е добро цел ден да се помине во кафеана, како не би станале расипници. Сепак, она што е задолжително е на овој ден да пробате грозје!




Во народот се вели дека на овој ден луѓето за последен пат во летото можат да се искапат во реките затоа што подоцна водата станува студена. На Преображение се преобразува листот во гората и каменот во водата; лисјата почнуваат да жолтеат и паѓаат, а водата станува сè постyдена.




Уште едно верување вели дека на Преображение не е убаво преку ден да се спие, бидејќи кој тој ден поспие, ќе се преобрази, па цела година ќе биде мрзелив и поспан. Овој ден не е убаво ниту да се плаче, нуту да се помине цел ден во кафеана, за луѓето да не станат расипикуќи.




Порано, на овој ден постеле само жените, а сега спаѓа во празниците со строг пост. Се верува и дека, кога на болен ќе му се дадат лешници, тој ќе оздрави. Во некои места било обичај на Преображение жени и девојки да станат пред сонце и да работат некоја домашна работа, бидејќи се верувало дека Бог ќе ги преобрази да бидат вредни.

Претходна статијаМногу вкусна торта со ванила: Никој не останал на едно парче, за 30 минути е готова
Следна статијаПРИРОДЕН ЧИСТАЧ НА АРТЕРИИТЕ: Пијте 7 денови по ред, а потоа направете кpвна слика