На овој колач можете да се потпрете во секое време кога се брзате и очекувате ненадејни гости. Се прави од малку состојки, а излегува цела тепсија, колач кој е многу вкусен и се изедува за многу кратко време. Еве кои состојки ви се потребни за да го направите:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 јајца, 7 големи лажици шеќер, 7 лажици млеко, 7 лажици масло, 7 лажици брашно, 3 полни лажици незасладено какао, 8 г ванилин шеќер или екстракт од ванила, прстофат сол, 1 лажица прашок за печиво. И уште: 200 мл слатка павлака, 2 лажици Нутела, 100 мл млеко, 2 лажици инстант кафе (нескафе).




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад каде што ќе ја подготвувате смесата скршете ги двете јајца. Веднш потоа додајте 7 лажици шеќер и прстофат сол. Енергично измешајте ја смесата со жица/маталка, додека шеќерот да почне да се растопува, а јајцата да се разредат во смесата.




Додајте 7 лажици млеко кое претхдоно треба да биде отстојано на собна температура, (исто како и јајцата), па додајте исто толку масло. Измешајте ги состојките до соединување во фина и мазна смеса. Низ сито, просејте го какаото, додајте го ванилиниот шеќер и соединете.




На крајот потребно е да се инкорпорира брашното кое треба да биде измешано со прашокот за печиво. Соединете ја смесата додека да се разреди брашното и грутчињата кои може да се формираат. Смесата треба да има конзистентност како онаа за палачинки.




Во еден огноотпорен сад со димензии 20/26 см, прелијте малку масло и нежно измачкајте со четкичка на дното и од страните. Излејте ја чоколадната смеса и фино распоредете ја низ садот. Колачот се пече околу 15-тина минути, во претходно загреана рерна на 170 степени. Проверете дали е печен со чепкалка.




За филот: Слатката павлака се миксира во цврст снег и се додава Нутелата. Потоа се продолжува да се меша со лажица додека кремот да се инкорпорира во неа. Настрана измешајте го топлото млеко со нескафето или некое друго инстант кафе.




Колачот избоцкајте го повеќепати и прелијте го со кафето, кое ќе даде превкусна арома. Одозгора колачот се премачкува со филот од Нутела и шлаг и се израмнува. Колачот може, но и не мора да се чува во фрижидер. Декорирајте го со чоколадни линии или по ваш избор. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.