Кога наидов на рецептот за домашен чипс од компири, многу ме воодушеви постапката и резултатот, па си помислив дека морам веднаш да ги израдувам дечињата, кога ќе се вратат од училиште. Ги имав сите состојки дома и веднаш го направив рецептот.




Оттогаш почнав секој ден да го спремам, па после ручек грицкаме со дечињата и со сопругот, и на него многу му се допадна. Веќе нема да купувам чипс, вака подготвен домашен ми е многу повкусен и не е многу мрсен, а за една голема чинија ќе ви требаат 3 компири. Еве кои состојки ви се потребни за да го направите:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 компири, 4 големи лажици брашно, зачини (сол, црн пипер, црвена зачинска пиперка), маслиново масло, 1 гранче свеж рузмарин. ЗА СОСОТ: 2 големи лажици грчки јогурт или павлака, 2 големи лажици кечап, 1 голема лажица сенф, 1 мала лажица јаболков оцет, прстофат сол, прстофат шеќер, маслиново масло.




ПОСТАПКА: Компирите се ставаат да отстојат во вода, минимум 1 час пред подготовка на чипсот, за да се измијат. Потоа се цедат од водата и се оставаат да се исушат на една памучна крпа. Ако имате млади компири, не треба да ги лушите, но доколку се обични, излупете ги.




Земете го рендето и на специјалната страна со едно сечило рендајте додека да ги потрошите сите компири и додека да се исечкаат на тенки парчиња. Доколку немате вакво ренде, истото може да го направите рачно со ocтap нoж, така што компирите треба да ги сечете на многу тенки парчиња, како лист хартија.




Компирите се складираат во еден поголем сад и се преливаат до врвот со ладна вода. Оставете ги да се киснат уште 15 минути во водата, која ќе ги направи крцкави. Во посебен сад ставете 4 лажици брашно, додајте сол по вкус, црн пипер и слатка зачинска пиперка.




Измешајте ги сувите состојки со лажица, а потоа исцедете ги компирите од водата во која стоеле. Компирите треба добро да ги исушите со крпа, па потоа ставете ги во сув сад. Одозгора зачинете ги со сол и црн пипер, наросете им малку масло и ставете малку сечкан свеж рузмарин за арома. Измешајте за да се распоредат зачините.




Вака подготвените компири се ставаат по неколку во мешавината од суви состојки и потоа се редат на плех, обложен со хартија за печење, едно до друго, да не се преклопуваат. Помеѓу компирите треба да има малку простор меѓу нив. Печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени, 10-12 минути.




Во меѓувреме подгответе го сосот: во подлабок, помал сад ставете 2 лажици „грчки“ густ јогурт или кисела павлака, 2 лажици кечап, 1 лажица сенф и 1 мала лажичка јабоков оцет. Измешајте, па додајте прстофат сол и исто толку шеќер. На крајот во сосот се додава малку маслиново масло.

По печењето, чипсот се премачкува со малку маслиново масло со четкичка, па се враќа во рерна уште неколку минути (3-4 минути) додека да стане крцкав и да добие златна боја. Потоа, се остава малку да се олади, околу 5 минути и се послужува заедно со сосот. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.