Дали знаете што треба прво да направите кога ќе се разбудите?

Некои луѓе веднаш по будењето стануваат од кревет, а некои пак се’ уште се превртуваат во креветот, додека трети се растегнуваат. Во продолжение на текстот проверете што треба да правите веднаш по будењето, и тоа треба да ви стане навика.

Колку пати сте го слушнале советот дека после будењето треба добро да се растегнете во кревет? Тоа најчесто се прави со намера малку да го „раздвижиме“ успиеното тело и мускулите, и всушност на тој начин се прави вовед во теловежба.

Меѓутоа, освен физичко, растегнувањето има влијание и врз нашето психичко здравје. Amy Cuddy психолог од Харвард, советува дека секое утро пред станување да ја направиме „позата на моќта“.

„„Power pose“ е всушност назив за начин на растегнување со кое максимално ги шириме своите раце и нозе.“

МОЌНА ПОЗА

Токму оваа поза ќе им помогне на луѓето со ниска самодоверба да се чувствуваат подобро и да создадат чувство на самодоверба кое им недостига.

Имено, со само 2 минути растегнување со оваа поза, се активира тестостеронот („хормон на доминација“) и се намалува нивото на кортизол („хормон на стресот“) поради кој се чувствуваме лошо. Токму комбинацијата на висок тестостерон и низок кортизол е задолжена за создавање на чувство на самодоверба.

ЗОШТО ТОКМУ РАСТЕГНУВАЊЕ?

Природно срамежливите луѓе или оние кои не веруваат во себеси, најчесто физички се повлекуваат во себе, седнуваат и легнуваат подгрбавено затоа што сакаат себеси да се направат што помали и да заземат што помал простор.

Ваквото однесување е специфично токму за жените. Тие хронично се чувствуваат помалку моќни од мажите. Уште од основно училиште од говорот на телото може да се заклучи дека девојчињата, физички се повлекуваат и се кријат.

Проблемот е во тоа што тој процес работи двонасочно. Чувството на немоќ може да ве натера да заземете немоќна поза, а од друга страна позата на немоќ ќе предизвика и чувство на немоќ.

Поради тоа, секое утро, пред да станете од кревет и да ги спуштите стапалата на под, растегнете се.

Особено ако спиете во поза на фетус, – советува д-р Cuddy.

Loading...