Неврологот проф.д-р Џејмс Фалон многу се изненадил кога случајно открил дека снимката на неговиот мозок се совпаѓа со снимките на насилните психопати, додека правел истражување за Универзитетот во Калифорнија во 2005 година.

проф.д-р Џејмс Фалон

Барајќи можни знаци за Алцхајмерова болест тој ги скенирал мозоците на целото свое семејство и тогаш, за првпат забележал дека неговата снимка на мозок значително се разликува од остатокот на семејството и покажува обрзец на типичен психопатски мозок.

Направил своја генетска анализа, го проучил своето фамилијарно стебло, па меѓу предците пронашол дури седум насилни криминалци и тука го пронашол објаснувањето за своето откритие. Потоа го прашал своето семејство и најблиските пријатели и соработници, што мислат за него. Дали е психопат?

проф.д-р Џејмс Фалон

Никој не бил премногу изненаден од негововото откритие, бидејќи некои негови однесувања и размислувања уште од неговото детство се поклопувале со психопатските обрасци, иако никогаш во животот не бил насилен.

проф.д-р Џејмс Фалон

Шармантен, ултрависоко натпреварувачки расположен, манипулативен, без страв и срам, склон кон многу ризични ситуации во кои ги вовлекувал и другите, а кои поради него често неподготвени се соочувале во хаотични и неугодни ситуации. Многу успешен, претприемлив, себичен, бескруполозен и никогаш не се грижел за мислењето на другите.

Главно го работел само она што тој сакал да го работи, но благодарение на грижното, одговорно и одлично ситуирано семејство (родители и сопруга) и животната насоченост кон науката каде можел да се воздигнува и шири, имал среќа никогаш да не потпадне во некоја егзистенцијална криза.

Инаку, како што самиот тврди, којзнае по кој пат би тргнал во таков случај, ако животот му бил разнишен и исфрлен од комфорната зона, во тој случај веројатно при прибегнал кон криминал. После откритието за својата психопатија, со цел да направи експеримент почнал самиот себеси да си го менува карактерот.

Се трудел својата себичност да ја замени со грижа кон најблиските и да се однесува како „фин човек“. Се разбира дека сето тоа било еден вид глумење, бидејќи тој не се чувствувал како „фините луѓе“, ниту размислувал како нив, но ваквото однесување им годело на неговите најблиски, иако знаеле дека станува збор за експеримент.

После тоа продолжил да се труди, иако со мотив за себеси и на другите да им докаже дека тој може. Инаку, има деца и внуци. Напишал и неколку книги за психопатија каде го спомнува и својот случај. Одржува предавања, а во светот на науката е многу популарен и наградуван.

Тој е професор по психијатрија и почесен професор по невроанатомија и невробиологија на Медицинскиот факултет Ирвин на Универзитетот во Калифорнија. Еве неколку интервјуа со него ОВДЕ и ОВДЕ.