Фото и рецепт: Габриела Миленкоска – Старински колачи со сало – ванилици.

Рецептот за овие многу вкусни старински колачи ни го откри нашата драга членка Габриела Миленкоска во групата НМД рецепти.

Дали се сеќавате на старите добри рецепти? Ова се колачи кои се топат во уста, а се прават со сало (маст). Колачи со маст или помодерно денес се наречени ванилици, ровки…мирисни…се топат во уста.

Потребни состојки:

250 г маст
1 јајце
1 жолчка
4 лажици шеќер
1 лимон – сок и рендана кора
500 г брашно
1 ванилин шеќер
1 лажичка прашок за печиво

Постапка:

Маста пенасто се мати со миксер заедно со едно цело јајце и една жолчка. Се додаваат 4 лажици шеќер и една кесичка ванилин шеќер.

Се мати доволно долго додека да се растопи шеќерот и убаво да се соединат состојките. Потоа се ренда кора од еден лимон и се додава сокот.

Се просејува брашното и една лажичка прашок за печиво (може и без пзп). Откако убаво ќе се замеси тестото, истото се става во шприц за тулумби (или тулумбарник), па се вадат форми врз плех обложен на хартија.

Рерната се загрева на 180 степени, па се ставаат колачите да се печат околу 15-20 минути. Кога се печени се вадат да подизладат 5 минути, па потоа се наросуваат со шеќер во прав.

Фото и рецепт: Габриела Миленкоска