Понекогаш се случува од бенката да излегуваат ситни црни влакненца, за многумина иритирачки и неестетски, а некои пак сметаат дека опасно да се чепкаат.

Во продолжение на текстот ќе дознаете дали овој вид на бенки се опасни? Дали ни е дозволено да ги скубеме тие влакненца? Дали треба да посетиме лекар? Еве одговори.

-Бенките со влакненца може да бидат кафеави или црни, а се јавуваат кога клетките на кожата почнуваат да растат во гроздови наместо да се шират и потемни се, бидејќи овие клетки, исто така создаваат пигмент.

Обично се појавуваат до 30 година од животот, може да бидат рамни или релјефни и може да потемнат како резултат на изложување на сонце, пубертет или бременост – објаснува д-р Јустин Вујевиќ, дерматолог од Питсбург.

Зошто има влакненца на нив?

Како и на остатокот од кожата, влакната растат таму каде што има фоликули. Ако во бенката постојат фоликули, на неа ќе се појави едно или повеќе влакненца, во зависност од тоа колку фоликули има.

Дали ваквите бенки се нормални?

Да, апсолутно. Генерално, жените имаат помала телесна маса од мажите, па имаат тенденција да бидат помалку чести кај жените, но сепак, вообичаена е за двата пола.

Зошто таквите влакненца се потемни од останатите?

Исто како што кожата во пределот на бенката е потемна, исто така и влакната се потемни.

Дали овие бенки се канцерогени?

Секоја бенка е потенцијален карцином, со или без влакна. Дури, некои експерти напоменуваат дека бенките со влакненца имаат помала веројатност да се развијат во канцерогени, за разлика од оние без.

Дали може да се скубат, шишаат, бричат, депилираат?

Да, како и секои други влакна што ве мачат. Можете да ги бричите, да ги скубете со пинцета, да одите на епилација… нормално, треба само малку да бидете повнимателни.