Доктор Бранимир Несторовиќ сподели еден рецепт кој на многумина може да им помогне. Имено, како што напомена, овој рецепт го користи веќе 20 години и тврди дека дава одлични резултати.

Станува збор за природен лек за чир на желудник:

-Исечкајте зелка, прелијте ја со вода, нека биде половина зелка, половина вода и нека отстои два дена во фрижидер. После тоа пијте по една чаша наутро и навечер во текот на две седмици континуирано.

Како што објасни докторот, зелката има одредени материи кои ја обновуваат слузокожата на желудникот. Во комбинација со сладок корен делува и врз хеликобактеријата и тоа на оние резистентни облици – објасни д-р Несторовиќ.

Докторот спомена дека најдобар лек за алергија на амброзија е копривата, но да не се вари како чај. Најдобро е листовите од копривата да се сомелат со мед. Може да се чува копривата во замрзнувач две седмици, па потоа таа самата се претвора во прав.

Чајот не е добар, бидејќи со варењето се убиваат доста лековити состојки во копривата – објаснува д-р Несторовиќ.

РЕЦЕПТ ЗА ВОДА ОД ЗЕЛКА

Зелката е една од суперхраните кои ние често ги занемаруваме. Бидејќи содржи есенцијални нутриенти неопходни за правилно функционирање, на организмот му овозможува да се обнови и прочисти од штетните материи.

Еве за што сè може да помогне водата од зелка:

-му обезбедува на организмот аминокиселини за подобра дигестија;
-содржи витамини А, Б1, Б6, Ц, Е и фолна киселина;
-содржи железо, калциум, калиум, јод, фосфор и сулфур;
-лекува чиреви и други проблеми со дигестивниот систем;
-врши детокс и прочистување на цревата;
-помага во слабеење;
-може да помогне во прочистување после труење со алкохол.

Потребни состојки:

1 помала зелка зелена или црвена (црвената има повеќе витамин Ц)
вода да биде половина од зафатнината на зелката
1 прстофат морска – сол за вкус
1 лажица лимонов вкус – за вкус

Постапка:

Измијте ја добро зелката и отстранете ги сите нечистотии. Исечете ја ситно и ставете ја во голема тегла, да се исполни до половина, а потоа до врв дополнете со вода.

Теглата чувајте ја во фрижидер два дена, а потоа процедете ја. Додадете прстофат сол и малку лимонов вкус за подобрување на вкусот.

На почетокот пијте по една чаша наутро на гладно, а кога ќе се навикнете продолжее да пиете по две чаши, наутро и навечер. За да има ефект мора да пиете секојдневно во период од две седмици.