Специјалист за хигиена и исхрана проф. д-р Јагода Јорга во гостување во една утринската програма разјасни многу заблуди и вистини за исхраната, и објасни зошто килограмите не се намалувуваат толку лесно, иако мислиме дека сè правиме како што треба.

Кога станува збор за појадокот, проф. д-р Јорга вели дека појадокот е најважниот оброк во денот, а тоа е познато со децении наназад. Во поново време се појавија и спротивни мислења на ова, односно доколку не се занимаваме со тешка физичка активност за време на работниот ден, не треба обилно да појадуваме, а д-р Јагода Јорга објасни зошто овој оброк не треба да се прескокнува.

„Не постои медитеранска земја каде нема појадок, а сите знаеме дека тоа е најважниот оброк во денот. Можеби во различните земји има различен вид на појадок и во не толку здрави варијанти, но секогаш можеме да се насочиме кон поздрав појадок, па и да станува збор за само едно јаболко.

На пример, храната е толку разновидна што во Италија првиот оброк се состои од колаче и кафе, јаглехидрати, а некаде во Нордиските земји се појадува пушен лосос, но според мене, треба да го следите ова основно правило, да јадете два часа по будењето, но не подоцна од два часа по станувањето.“ – советува докторката.

“Вечера треба да биде не подоцна од три часа пред да одите во кревет. Ова не е само поради зголемување на шеќерот во кр-вта, туку заради несварената храна во стомакот и хоризонталната положба која создава проблем во хранопроводот.

Хернијата на желудникот е многу честа, ова не се зема предвид, а настанува точно заради оваа ситуација.  Месото и каков било вид масно сирење не се препорачува да се јаде навечер.

Може да јадете зеленчук, житарици, во мали количини. Пет оброци се многу во текот на денот, но два оброци се малку. Балансирајте го начинот на исхрана според вашите дневни потреби. Секако, треба да бидат внимателни оние кои имаат чир на желудник или патат од неухранетост.“ – посоветува таа.

“Воведете правило број 1, една чаша, едно парче, една длабока чинија… Не додавајте ниту една порција плус. Не зборувајте на телефон додека јадете бидејќи така голтате воздух. Соџвакувајте ја добро храната пред да ја голтнете, затоа што варењето започнува прво во устата со натопување на плунката.“

Честите промени во исхраната многу лошо влијаат на здравите бактерии, односно микробиомот, а проф. д-р Јорга го објасни тоа сликовито.

„Ако јадеме нормално, па направиме малку детоксикација, па повторно јадеме нормално, а веќе следниот ден изедеме пола килограм свински врат, ете тука е проблемот.

Она што луѓето не го разбираат е дека добрите бактерии во нашите црева, не го поднесуваат овој начин на нагла промена. Во тој случај, дисбиозата води до метаболички проблем, а потоа настануваат и други компликации, намален имунитет и нагло зголемување на тежината.

Рецепт за здрава ужина

Нутриционистите велат дека закуските се многу важни и дека треба да имаме вкупно две од нив во текот на денот. Тие треба да бидат лесни, но и богати со витамини и хранливи материи кои ќе ги спречат нападите на глад и ќе ни создадат чувство на ситост. Најдоброто решение, во овој случај е смути подготвено на овој начин.

Брзо се подготвува, ги содржи сите потребни состојки и може да го носите со себе на работа, без да се расипе или да го изгуби вкусот. Ова е рецепт за многу вкусно смути што ќе ги задоволи вашите дневни потреби за слатки и ќе ви обезбеди доволна доза на енергија во текот на целиот ден.

Јогуртот и млекото ја задоволуваат дневната потреба за калциум, спанаќот ја задоволува потребата за витамин Б, додека бананите ќе ни обезбедат доволно количество магнезиум.

Потребни состојки: половина чаша јогурт (погустиот јогурт е подобар избор), половина замрзната банана, една четвртина авокадо, половина чаша спанаќ, половина чаша млеко од соја, малку мелени бадеми, половина чаша вода.

Подготовка: Ставете ги сите состојки во блендер и блендирајте додека да добиете хомогена смеса. Доколку сте љубители на благото, може да додадете и две коцки црно чоколадо. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска