Чудо од тесто без јајца и млеко: универзална смеса за најубавите печива

Од ова тесто можете да прсвите разни кифли, лепчиња, пица…

Потребни состојки:

900-1000 г брашно
500 мл вода
30 г свеж квасец или 10 г сув квасец
50 мл масло
1 лажица шеќер
1 лажичка сол

Постапка:

Издробете го квасецот, додадете шеќер и со малку млака вода измешајте во еднолична смеса.

Потоа додадете уште малку вода и 100 г од вкупното брашно, убаво промешајте и оставете да се активира околу 10-15 минути.

Потоа додадете масло и сол, па постепено додавајте го брашното. Замесете убаво мазно, еластично тесто, средно меко, кое не се лепи на раце.

Намастете го и покријте го тестото, па оставете го 40-50 минути на топло место, додека да го удвои својот волумен за 2-3 пати.

Потоа од ова тесто можете да приготвувате што ќе посакате.

Деталите погледнете ги во видеото: