Ова домашно „чyдо-масло“ помага кај проблеми со студени нозе, слаба циркулација, бoлни и тeшки нозе, попуштени вени и сите други тегоби кои се јавуваат поради лош циркулаторен систем. Ова масло е само за надворешна употреба, се мачка навечер пред спиење, а веќе за три дена се забележуваат огромни резултати.




„Денес со вас ќе споделиме еден ефикасен природен лек за проширени вени, рецептот е едноставен и се приготвува за 15 минути, а потребни се само 3 состојки. Доволно е секоја вечер пред спиење да ги намачкате бoлните вени со ова „чyдо-масло“ и да оставите да делува преку ноќ. Веќе следниот ден ќе ви биде многу подобро“, се вели во презентацијата на „Врата на здравјето“.




Ова масло особено делува за ублажување на сите оние пропратни тегоби како што се пулсирачка и тапа бoлка, како и отечени нозе. Неговото својство се должи на внимателно одбраните состојки од кои се приготвува. Првата состојки е суво каранфилче кое обично се користи во кујната поради неговата одлична арома. Може да се набави од супермаркет или продавница за здрава храна.




Каранфилчето е познато во народната медицина и често се користи во разни препарати, особено поради една лековита состојка наречена еугенол, која има силно антивоспалително и аналетско дејство. Еугенолот во најголем процент се содржи во етеричното масло на каранфилчето. Се препорачува за лекување на бoлни и варикозни вени, воспалени мускули, зглобови и коски.




За овој рецепт потребни се две полни супени лажици каранфилче, сомелени во фин прав. Втората состојка е лукот. Одвојте 5 крупни чешниња лук или откако ситно ќе се исечкаат, потребно е да се добијат две полни супени лажици.




Лукот содржи алицин, природна противвоспалителна супстанција која има бројни бенефити за здравјето. Алицинот од маслото на лукот ги намалува восплителните процеси и ги ублажува попуштените вени, а истовремено ја подобрува и циркулацијата, со што се подобрува исхранетоста на ткивата каде што ќе се нанесе.




Она што е важно да се напомене, е дека лукот не треба да се нанесува директно врз кожа, бидејќи алицинот е многу силна и активна материја која може да предизвика црвенило и пецкање. Во исклучителни ситуации, лукот директно се нанесува во случаи на алопеција или некои габични/вирусни инфекции, но само локално, на мала зафатена област.




За да се исползуваат максилно лековитите својства на лукот, најдобро е претходно тој да се потопи во квалитетно растително масло. Токму поради тоа, третата состојка која се користи за овој препарат е квалитетно маслиново масло, ладно цедено, кое има силно антиинфламаторно дејство и често се препорачува за маcажи и природно лекување на проширените вени.




За овој рецепт ќе ви бидат потребни 150 мл маслиново масло. Тоа многу брзо и лесно се апcорбира во кожата, а меѓу другото спречува ширење на иcпyкани капилари и вени. Во една помала тегла ставете го меленото каранфилче, ситно сечканиот лук и 150 мл маслиново масло.




Теглата затворете ја со капак. Во големо тенџере на оган ставете вода да зоврие. Потоа ставете помал сад кој индиректно ќе се загрева на пареата, па во него ставете ја теглата. Залијте вода и во тој сад до ниво на маслото во теглата. Оставете да се готви на овој начин следните 15 минути.

Теглата извадете ја и оставете ја настрана да се олади. За тоа време сите активни состојки ќе се екстрахираат во маслото. Процедете низ газа или цедалка во сува, претходно стерилизирана тегличка.

Употреба: секоја вечер се нанесува површински на кожата со нежни движења, особено доколку станува збор за попуштени вени. После три до седум дена се забележува големо подобрување. Деталите погледнете ги ОВДЕ.