Home посни колачи ЧУДО КОЛАЧ БЕЗ ЈАЈЦА…Евтин, сочен и превкусен…

ЧУДО КОЛАЧ БЕЗ ЈАЈЦА…Евтин, сочен и превкусен…

ЧУДО КОЛАЧ БЕЗ ЈАЈЦА…Евтин, сочен и превкусен…Брз и лесен десерт без јајца, совршен за секој ден!

Ако барате евтин, мек и вкусен што се прави брзо, ова е рецептот за вас! Не содржи јајца, а благодарение на Орео колачињата и богатиот чоколаден прелив, има фантастичен вкус. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 250 мл):

1 чаша газирана (минерална) вода
1 чаша шеќер
1 чаша масло
1 лажичка сода бикарбона
1,5 чаша брашно
1,5 чаша мелени Орео кекси (или други бисквити)
3-4 лажици џем (кајсија или било кој друг)

ПОСТАПКА:

Соединете ги сите состојки и смесата сипете ја во плех обложен со хартија за печење (димензии 25×35 см). Ставете да се пече во загреана рерна на 180°C – 25-30 минути.

Изладете го колачот, а потоа намачкајте со слој од џем измешан со 200 г сечкани ореви.

Растопете 150-200 г темно чоколадо и прелијте го колачот. Одозгора посипете повеќе сечкани ореви за дополнителен крцкав вкус.Погледнете го видео рецептот со подготовка ОВДЕ: