Колагенот е главната белковина во нашиот организам. Исклучително е важен за ‘рскавицата, лигаментите, тетивите, коските и забите. Поради намалување или престанок на производството на колаген, доаѓа до пропа-ѓање на ‘рскавицата на зглобовите, а особено на колената.




За да се поттикне регенерација на ‘рскавицата, потребно е да се надокнадат залихите на колаген. Истражувањата покажале дека лицата кои редовно користеле говедски желатин, имале одлични резултати.

Кога ќе започнат временските промени и да „вртат зглобови“, можеби ќе ви затреба производот кој е на база желатин и мед, а кој многумина го сметаат за добитна комбинација кога станува збор за помош кај болни зглобови.




МЕД И ЖЕЛАТИН

Желатинот е производ кој се добива од говедски коски, ‘рскавица и тетиви кој содржи колаген, најважната белковина во човековиот организам, значајна за состојбата на кожата, коските, ноктите и косата.




Покрај тоа, во желатинот се застапени многу значајни амино киселини – хидроксипролин и пролин. Овие амино киселини исто така влијаат врз градбата на коските, зглобовите и тетивите, како и мускулите и сврзните ткива.

Поради сите овие поволни својства, говедскиот желатин е на самиот врв од списокот природни лекови за закрепнување на зглобовите. Покажал голема делотворност во закрепнување на оштетените големи зглобови, особено на колкот, колената, рамената, потоа на ‘рбетниот столб, како и на ‘рскавиците.




Потребни состојки: 2 лажички желатин, 150 мл вода, 1 лажичка мед и 1 лажичка лимонов сок.

Постапка: Прелијте две лажички желатин со 150 мл ладна вода, поклопете и оставете да отстои преку цела ноќ. Следниот ден желатинот ќе биде набубрен, па за да се подобри вкусот и неговото дејство, додајте малку мед и лимонов сок. Измешајте и изедете го целото.




Терапијата се повторува еден месец, а потоа се прави пауза од два месеци. По потреба се повторува после направената пауза, а може да се конcyмира и превентивно. Доколку ви се допадна рецептот, споделете го вашите најблиски пријатели.

СÈ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА ЖЕЛАТИНОТ, КОЈ СМЕЕ А КОЈ НЕ СМЕЕ ДА ГО КОНCУМИРА

Колагенот е најважниот протеин во нашиот организам кој помага во одржување на цврстината на кожата, косата и ноктите. Денес неговата важност е препозната во производите и додатоците за исхрана кои помагаат да се успори стареењето на кожата. Во продолжение можете да прочитате за сè она што треба да го знаете за колагенот и неговата употреба.




Колагенот се наоѓа во самата кожа, го образува сврзното ткиво и помага во одржување на здравјето на коските, зглобовите и лигаментите. Негов недостиг може да предизвика голем број здравствени проблеми и непријатни последици како што се: забрзано стареење на кожата, болки во зглобовите и пропаѓање на сврзното ткиво.




Нашиот организам има способност да синтетизира колаген по потреба, но таа способност со текот на годините постепено се намалува, а со тоа и квалитетот на нашите коски и кожа. Врз намалување на нивото на колагенот исто така, влијаат и пушењето, конcyмација на поголема количина на шеќер, претерано изложување на сончево зрачење, некои автоимуни болести или генетски промени.




Колагенот е исклучително важен за одржување на здравјето на целиот организам и претставува најзастапен протеин во нашето тело. При недостиг на колаген, се намалува квалитетот на кожата, косата и ноктите, па тие стануваат кршливи и суви.




Еден од начините за зголемување на производството на колаген во организмот е конcyмација на витамин Ц. За жал, витаминот Ц не е секогаш доволен, па пожелно е колагенот да се надоместува преку исхраната.




Освен за yбавина, колагенот е многу важен за здравјето на коските и зглобовите, а негов недостиг може да предизвика бројни здравствени проблеми како: остеопороза, остеоартритис и слични пореметувања. Доколку веќе постојат такви проблеми, додатокот на колаген речиси секогаш помага.