Потребни состојки:

200 г брашно

2 лажички сода бикарбона

4 лажици какао

4 лажици мелени ореви или лешници

250 мл течен јогурт

100 мл масло

8 лажици шеќер

4 полни лажици џем

За прелив:

100 г путер или маргарин

100 г чоколадо

3 лажици какао

3 лажици шеќер

100 мл млеко

Постапка:

Во сад за матење ставете ги течните состојки:

Јогурт, џем, масло и шеќер, па убаво измаксајте.

Потоа додадете брашно помешано со сода бикарбона, како и ореви и добро промешајте да се поврзат состојките, со миксер или жица.

Смесата излејте ја во плех 20х28 см обложен со хартија и печете во загреана рерна на 180 степени. Водете сметка да не ви се препече колачот, туку, штом започне да се одвојува од ѕидовите на плехот, готов е.

Додека се пече колачот, во помал сад на оган растопете го путерот, додадете шеќер, млеко, какао и чоколадо искршено на коцки.

Штом колачот се испече, избоцкајте го со чепкалка за заби или со вилјушка, па прелијте го преку него топлиот прелив. Наросете со чоколадни трошки или мелени ореви и оставете добро да излади пред сервирање.