Чоколаден пудинг без шеќер и брашно од кој ќе слабеете

Овој пудинг не се готви, ниту се пече, а најдобро е да се консумира наместо појадок или вечера.

Уживате во него без грижа на совеста…
Овој оброк има низок гликемиски индекс, што значи дека долго време ќе ве одржува сити.

Потребни состојки:

1/2 авокадо

1 лажица лешници

1 лажица чиа семе

1/2 лажичка сусам

1 лажичка семки од тиква

1/2 лажичка цимет

1/2 лажичка кокосов путер

3 лажици какао

1 зрела банана

2 лажички мед или агаве сируп

Црно чоколадо за украсување

Постапка:

Чиа семето натопете го во половина шолја топла вода. Авокадото исчистете го.

Измешајте ги лешниците, сусамот и семките од тиква, па смелете ги.

Додадете банана, авокадо, омекнат путер, чиа семе со вода и цимет, па мешајте во миксер или блендер најмалку една минута за да биде путерот што покремаст.

Додадете вода додека да ја добиете саканата густина. Украсете со рендано чоколадо.

Претходна статијаКолач кој е идеална замена за баклава
Следна статијаКомбинација од ванила, бело чоколадо и лешник: потсетува на Рафаело