Лесен и мек чоколаден куглоф кој за 5 минути се меша, се излева и се става на печење. Омилен ни е дома, а тоа е затоа што има неверојатен вкус на брауни колачињата кои се многу меки. Има преубав вкус и мирис, кој се чувствува до соседната соба. Еве што ви е потребно за да го подготвите:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 140 г шеќер, 130 мл масло, 300 мл бадемово млеко, 300 г меко бело брашно, прстофат сол, 2 големи лажици какао без шеќер, 16 г прашок за печиво, 1 голема лажица оцет. ЗА ГЛАЗУРА: 60 г чоколадо, 50 мл млеко, ситно сечкани бадеми за декорација.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ – СО ЈАЈЦА): 125 г путер, 190 г шеќер во прав, 2 јајца, 160 мл јогурт, 80 мл кисела павлака, 280 г брашно, 2 мали лажички прашок за печиво, 1 лажичка сода бикарбона, ½ шолја какао. За глазура: 100 мл млеко, 100 г чоколадо (70% какао), 15 г шеќер во прав, 15 г путер.

ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Во еден подлабок сад ставете го шеќерот, наросете со прстофат сол и додајте 300 мл бадемово млеко (поздрава варијанта, но може да го подготвувате и со обично млеко). Започнете да матите со миксер сосем лесно додека да се соединат состојките во еднолична смеса.

Потоа излејте го маслото, измиксајте уште малку со миксерот, па постепено додавајте го брашното, заедно со какаото и прашокот за печиво. Изматете додека да се измеша во фина и еднолична смеса која нема остатоци од грутки од брашното, затоа брашното се додава на неколку наврати.

На крајот додајте 1 голема лажица оцет и измешајте лесно со шпатула. Во соодветен капак намастете со малку масло и излејте ја смесата која што треба да се пече. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 30 минути со повремено проверување.

Настрана растопете чоколадо со малку млеко и кога куглофот ќе биде готов, префрлете го на чинија, а одозгора прелијте го со чоколадната глазура. Декорирајте со ситно сечкани бадеми. Во продолжение прочитајте ја постапката за вториот рецепт:

ПОСТАПКА: Сите состојки треба да бидат на собна температура. Потребно е околу 10 минути за матење. Прво путерот изматете го самостојно, а потоа се додава шеќерот. Брашно, какао, прашок за печиво и сода –просејте ги. Јогуртот и киселата павлака измешајте ги да се изедначат.

Путерот и шеќерот изматете ги во светла и пенаста маса. Јajцата додавајте ги едно по едно, матејќи цело време околу 30 секунди. Додајте брашно наизменично со јогуртот, мешајте рачно само додека смесата да се изедначи.

Калапот за куглоф премачкајте го со путер и поросете со брашно. Ставете го тестото во калап со пречник од 23 см. Печете на 170 степени, околу 45-60 минути. Извадете од рерна, 10 минути оставете да се излади во калапот, а потоа извадете и изладете на жица за ладење.

Глазура: прелијте преку сечкано чоколадо со загреано млеко, додајте шеќер и путер. Лесно промешајте да се формира сјајна и мазна глазура. Украсете го колачот по желба.