Често се каев поради она што непромислено ќе го кажев, но никогаш не се покајав поради она што ќе го премолчев и ќе се воздржев од избрзување. Животот понекогаш нè предизвикува пред различни ситуации, пред кои првпат се наоѓаме, а пред нас е патот со кој треба да се соочиме.




Во тој момент, нашите мисли се испреплетуваат и се прашуваме што е правилно, а што не. Во вакви ситуации, најпаметно е да размислиме за проблемот и да го согледаме од неговиот корен и причините поради кои тој настанал, отколку веднаш да се впуштиме нужно во искажување. Во брзањето честопати може да се случи да погрешиме.




Како што некогаш рекол еден мудрец: „’Брборењето’ е првиот знак за раѓање на гордост и незнаење.” Гордиот човек е м ентално ограничен. За него, целата мудрост на светот е затворена во неговиот череп, така што тој смета дека е негова должност да ги озло-гласи луѓето со зборови.




Гордиот човек не разбира дека надвор од границите на неговиот мал ум се протега бескрајна област на невидливото и непознатото. Тој само гледа во „планината“, a не знае дека позади неа има бескрајна убавина која не престанува да се протега во долината.




Високата култура на размислување ги достигнува границите на самоодрекување, не како скептицизам и агностицизам, туку како реална перцепција за сопствените можности.

Мудриот човек секогаш ќе го користи зборот ‘повнимателно’, бидејќи во тоа појасно ја гледа целата слабост на нашите генерализации и заклучоци, сите ограничувања и неточности на информациите што ги добиваме.




На горд човек му се чини дека нема што не знае, сигурен е во непогрешливоста на неговите мислења, негодува што му се спротиставуваат и обично продолжува да ја развива својата мисла (ако може така да се каже), дури и не се обидува да го разбере соговорникот, прекинувајќи го во секој момент.




Обично, на таквите луѓе им недостасува цврста логика. Тие не се стремат кон тоа и им се чини дека нивната лична супериорност над другите, им дава право да зборуваат автократски.




Во суштина тоа е парадоксот на животот – кој размислува многу – зборува малку, кој не размислува – зборува многу. Човек кој зборува многу и постојано, постепено престанува да учи и да размислува, бидејќи е уверен дека целото знаење го поседува и сè друго околу него е сувишно и непотребно.




Најчесто овие луѓе се оние кои не ви се потребни во животот бидејќи при секоја ваша одлука, ќе ве надмудруваат и ќе ве насочат кон патот кој тие мислат дека е вистинскиот. Нивните размислувања се базираат на неколку претпоставки, најчесто разбирливи до просек на нивната интелигенција.




Покрај тоа на секоја ваша одлука, тие ќе ви пресудат со потсмев. Познатиот филозоф Кант еднаш рекол: „Најголемиот изум на 19-от век е способноста да се суди за книгите без да се прочитаат.“




Оние кои судат се најчесто луѓе кои имаат преголема гордост и отсуство на срам. Паметен човек избегнува спорови. Тој разбира дека пред да се каже нешто, мора да се биде внатрешно подготвен, а доколку не е потребно, подобро е да се премолчи. Мудар човек размислува на зборовите кои ќе ги употреби, а оној кој постојано зборува, ги истура како песок од вреќа.