Листовите на древното зимзелено растение кое расте низ Медитеранот се богати со различни минерали (калиум, бакар, манган, калциум, железо, цинк, магнезиум, селен) и витамини од групата Б, кои се важни за метаболизмот, хормоналната рамнотежа и нормалното функционирање на нервите и мускулите.

Се користи во лекување на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и ревматизам, како и нервоза и несоница. Етеричното масло од ловор е одлично за инхалации, а многу е корисно и за дезинфекција на просторите во сезоната на настинки и вируси.

Чајот и сирупот од ловоров лист се препорачуваат за зајакнување на имунитетот, чистење на респираторниот тракт и ублажување на кашлица, болки во грлото и бронхитис.

Чај од ловоров лист

Три свежи или суви ловорови листови исечкајте ги на помали парчиња или изронете ги со раце, налејте 250 мл вода и варете 10 минути на ниска температура.

Се трга од оган и се остава поклопено 10 минути, па се процедува. Кога малку ќе се олади додајте една лажица сок од лимон и 1-2 лажици домашен мед. Пијте 2-3 шолји чај дневно.

Ловоров сируп

Подгответе 6 свежи или 8 суви ловорови листови, 250 мл вода, 6 лажици кафеав шеќер или мед, сок од 1 лимон. Сварете ја водата, па кога ќе зоврие додајте го ловоровиот лист и варете поклопено на пониска температура 6-10 минути.

Отстранете го ловоровиот лист и истурете ја течноста во друг сад, додајте кафеав шеќер (или мед) и исцедете го лимонот. Добро измешајте сè додека шеќерот (или медот) целосно да се раствори.

Земете 1-3 лажички сируп дневно (може да се зема ладен или топол). Чувајте го ловоровиот сируп во фрижидер, во стаклено шише. Може да стои вака неколку дена, а потоа да се подготви ако има потреба.

Инаку, оваа зачинска билка е всушност многу добра за здравјето, а може да ви помогне да излечите разни болести и да го ослободите стресот за помалку од 5 минути.

Го подобрува варењето

Благодарение на бројните корисни состојки, ловорот го стимулира процесот на варење, ги отстранува грчевите во стомакот и желудникот и поттикнува подобра циркулација на крвта. Чајот од ловор се користи и за лекување на анорексија, односно губење на апетит.

Покрај тоа, ловоровото масло успешно ги лекува габичните заболувања, како што се габичните инфекции на ноктите, бидејќи ова масло има и силно антигабично дејство.

Ја ублажува болката

Ловоровото масло се користи за лекување на болки во ушите, модринки, исчашувања. Силното аналгетско дејство на етеричното масло од ловор го прави речиси незаменлива состојка во терапијата за болка.

Ловорот се користи и против главоболка бидејќи содржи партенолиди, супстанции кои благотворно делуваат при мигрена.

Исто така, ова растение успешно се бори против ревматизмот, а болките во зглобовите лесно се отстрануваат со облога од ловорово масло кое лесно можете да го направите сами. Иситнете 20 г свежи (зрели) ловорови бобинки и варете ги 15 минути во 1 литар врела вода, на ниска температура.

Добиениот сок процедете го преку крпа и оставете го да се излади. Соберете го маслото од површината и измешајте го со една лажичка несолена маст.

Добиената смеса добро измешајте ја и чувајте ја во стаклена или пластична тегла. Добиената смеса втријте ја на болното место, во тенок слој, два до три пати на ден.

Ловоров лист за искашлување

Ловоровото масло е еден од најмоќните препарати за зајакнување на организмот и превенција, бидејќи го чисти лимфниот систем. На пример, со втривање на неколку капки на отечени лимфни жлезди предизвикува моментално чувство на олеснување.

Се препорачува и како докажано средство за искашлување, но и за третман на проширени вени. Се покажало дека чајот направен од оваа билка е ефикасен за лекување на дијабетес, како и за отстранување на солта од зглобовите.

Благодарение на еугенолот има антиинфламаторно и антиоксидантно дејство. Токму поради оваа причина, поборниците на народната медицина препорачуваат платнена облога, претходно натопена во вода во која е сварен ловоров лист. Ова облога помага при настинки, грип, кашлица и бронхитис.

Прочитајте: „СИРУП ОД ЛОВОРОВ ЛИСТ И ПИВО, пијте го отсега, а на зима нема да се закашлате“ОВДЕ.

Третира калуси (бунион) на нозе и задебелена кожа на петите

Со оваа намирница може да се лечат и болни „израстоци“ на нозете. Земете 5 големи ловорови листови, исечкајте ги и прелијте ги со 100 мл 70% алкохол (или појака домашна ракија). Оставете да отстои една недела, па процедете.

Мачкајте ги или ставајте облоги натопени во добиената смеса, но пред тоа добро натопете ги стапалата во топла вода (3 литри вода и 1 лажица сода бикарбона) за да омекнат. Потоа избришете ги стапалата, нанесете ја тинктурата или облогата, облечете кратки памучни чорапи и легнете.

Ослободување од вишокот сол

Навечер една лажица ситно сечкани ловорови листови прелијте ги со 300 мл вода и варете во соодветен емајлиран сад не подолго од 5 минути. Добиената течност истурете ја во термос и оставете ја преку ноќ.

Наутро, процедете ја течноста во друг сад и распределете го добиениот пијалак во текот на денот. Пијте во мали голтки, никогаш не пијте го одеднаш. По седум дена можете да го повторите овој третман.

Прочитајте: „СВАРЕТЕ ЛОВОРОВ ЛИСТ И ИСПИЈТЕ ЈА ТЕЧНОСТА: Ќе се ослободите од настинката, но и од многу други болести“ОВДЕ.

Доколку дојде до често мокрење, тоа е знак дека ловоровиот лист почнал да ги раствора солите, што може да го иритира мочниот меур. Вистинските резултати од овој третман ќе бидат видливи дури по десет дена, кога ќе се чувствувате многу полесни, а болките во зглобовите ќе исчезнат.

Против стрес

Оваа евтина билка, која сигурно ја имате во вашата кујна, може да ви помогне да се ослободите од стресот и напнатоста за помалку од 5 минути! Имено, рускиот научник Генадиј Малахов открива дека ловорот ослободува неверојатна количина на стрес.

Сè што треба да направите е да го запалите сувиот ловор во пепелникот. Оставете ја просторијата 10 минути и кога ќе се вратите ќе забележите сосема поинаква атмосфера. Ќе почувствувате пријатен, релаксирачки мирис.

Поради ослободување на одредени материи предизвикани од согорување, се создава позитивен проток на енергија. Вдишете длабоко и дозволете мирисот да ги смири вашето тело и дух!