Со помош на магдонос исчистете ги бубрезите. Постојано за цело време нашите бубрези континуирано ја филтрираат крвта, помагаат да се елимираат токисните и сите штетни материи кои се вишок за нашиот организам. Како на природен начин да се исчистат бубрезите и да се ослободите од ситниот талог кој се таложи во нив и во мочниот меур?

Магдоносот се покажал како лековит во многу здравствени состојби, но посебно се истакнува како ефикасна намирница која ги чисти бубрезите.

Секако испробајте го овој природен лек, за кој многумина тврдат дека не само што е ефикасен, туку и за многу краток период видно делотворен.

Ова е многу едноставен начин, со помош на магдоносот да ги исчистите уринарните патишта: земете еден грст магдонос, добро измијте го, исечкајте го и ставете го во лонец, па додадете 1 литар чиста вода.

Кога ќе проврие, намалете го огнот и оставете да се готви уште 10-тина минути. Тргнете од оган и оставете да излади. Процедете ја водата во која се готвел магдоносот и складирајте во чисто шише. Водата која сте ја добиле чувајте ја во фрижидер.

Секој ден пијте по една чаша. Ќе забележите како вишокот сол и отровите започнуваат да излегуваат од телото при мокрење. Ќе се чувствувате полесно и полетно ако сте се чувствувале тромаво, кожата ќе ви се исчисти и ќе забележите и други убави промени на вашиот организам.

Единствено луѓето што имаат многу низок притисок ќе треба да внимаваат со консумација на овој напиток и доколку не им одговара пријатно на нивниот организам, треба да престанат со негова консумација.