Сите некогаш сме се нашле во ситуација кога водењето сметка за килограмите ни излегло од контрола, па п анично бараме некој начин за најкусо можно време да се вратиме на старата килажа и да можеме повторно да влеземе во своите омилени фармерки или фустан.

И додека некои започнуваат со држење на ст-роги д иети, други буквално г ладуваат, а трети започнуваат со претерано вежбање, бидејќи мислат дека тоа е најдобриот начин за брзо враќање на в иткото тело.

Оние кои се занимаваат со спорт сметаат дека без трчање не може да се о слаби. Особено видливи резултати дава трчањето на следниот начин: брзо трчање во времетраење од 1 минута, па лесно трчање во времетрање од 3 минути, и така наизменично до целта.

Меѓутоа московскиот доктор-рехабилитолог Петар Попов смета дека трчањето на столче или клупа дава најдобри резултати во сла-беењето:

„Кога трчате на столче вие го тренирате целото тело, бидејќи ја контролирате рамнометажата и водите сметка за координацијата на движењата. Притоа телото добива на тонус, се затегнува бидејќи чувствува опасност – внимава да не падне, да не се лизне, да не се преврти.

Поради таа напнатост доаѓа до согорување на голема количина калории, а сите мускули се вклучени во тој процес. Доктор Попов смета дека оваа вежба придонесува и за подобро држење на телото, поголема самодоверба, но и грациозност. Сепак, не би смееле да ја применуваат луѓе кои имаат главоболки или вртоглавици.

Доктор Петар Александровиќ Попов е руски физиотерапевт кој го усповршил лекувањето на ‘рбетниот столб после опера-ција и тра-ума. како бивши гимнастичар и психотерапевт, докторот е многу популарен и почитуван во Р усија.

Неговиот начин на вежбање кој се базира на целосно оздравување на ‘рбетот му помогнал на професионалниот возач Олег Кеселман после по-вредата и опера-цијата на стапалата, да се врати на такмичење за само десет дена.

Овојпат д-р Попов ни претстави една сосем едноставна вежба која помага брзо да се согорат калориите. Тој ја осмислил вежбата – трчање на столче, која сигурно ќе ви чини чудна, но оние што ја испробале тврдат дека е делотворна.

Најдобро е да започнете со нкое пониско столче, а постепено да ја зголемувате висината. Столчето мора да биде стабилно и цврсто. Овој начин на трчање на високо столче е исклучително напорен тренинг, бидејќи освен трчањето мора да се концентрирате и во одржување на рамнотежата.

Бидејќи, ако не одржувате рамнотежа, многу лесно може да паднете. После неколку минути трчање ќе се чувствувате како да сте претрчале километри.

Советот на д-р Попов е да не се форсирате со оваа вежба и да започнете со нејзина примена многу споро. Започнете со неколку минути дневно додека да стекнете кондиција, а потоа вежбајте најмногу 20 минути дневно. Видеото со објаснувањето можете да го погледнете ОВДЕ.