Рецептот одамна ми беше запишан во тефтер, па прелистувајќи го, го здогледав и одлучив да го направам. Се приготвува навистина многу брзо и едноставно, а добивате многу вкусен оброк. Фотографија и рецепт на Beti Josi (Klara Boss).

Секогаш кога ви треба нешто брзо, лесно и едноставно за вечера… Потребни состојки: 1 јајце, 200 мл јогурт, 400 г брашно, 1 прашок за печиво, 1 лажичка сол, 130 г сирење, 130 г кашкавал, 130 г шунка, 1 лажичка оригано и 3 лажици кечап

Постапка: Шунката, кашкавалот и сирењето се рендаат ситно. Од сите состојки се замесува хомогено тесто, кое го развлекуваме во кора на набрашнета работна површина, со дебелина од околу 0,5 см. Кората се сече на коцки.

Веднаш се пржат во загреано масло по неколку минути од двете страни додека убаво да заруменат, па се редат врз хартиена салветка за да се впие вишокот маснотија.

Служете ги топли, но вкусни се и кога се изладени, со чаша јогурт, кисело млеко или нешто по ваша желба. Следниот рецепт за брзи мини уштипци сигурно ќе ве воодушеви:

Брзи мини уштипци кои не впиваат масло – одлични за појадок или вечера, според рецептот на Маја Остојиќ – „брзи мини уштипци“. Ќе ве воодушеват овие мали вкусни залачиња кои можете да ги јадете во солена или слатка варијанта.

Ова е тесто со јогурт и прашок за печиво, па затоа е добро бидејќи не впива масло при пржењето, а не е ни пресилно. Оваа количина е сосем доволна за двајца убаво да се најадат. Може да се комбинираат во солена или слатка варијанта.

Потребни состојки: 1 големо јајце, 1 чаша (од 200 мл) јогурт, 2 чаши брашно, ½ кесичка прашок за печиво, ½ лажичка сол и масло за пржење. Постапка: во подлабок сад со миксер изматете едно јајце, па додајте една чаша јогурт.

Потоа со непрекинато матење постепено додајте две чаши брашно помешани со половина кесичка прашок за печиво и половина лажичка сол. Во помало тенџере од 1 литар ставете масло да има 1 см висина, па загрејте го. Откако ќе се загрее намалете ја температурата на умерено.

Со мала лажичка вадете ги уштипците, но претходно натопувајте ја во загреаното масло, па пржете ги. По потреба вртете ги за да се испржат од сите страни, иако тие и самите се превртуваат.

Пржените вадете ги во чинија за послужување и послужете ги со сирење, ајвар… но може да ги послужите и во слатка варијанта со џем, крем, течно чоколадо, шеќер во прав. / Фото и рецепт: Маја Остојиќ

Уштипци / фото и рецепт: Клара Босс
брзи јогуртни уштипци / Маја Остојиќ