Честопати се случува од премногу обврски да немате доволно време за долго динстање на јадењето, а потребен ви е вкусен и заситен ручек кој ќе го приготвите за што пократко време. Овој рецепт е за едно такво јадење врз кое не треба постојано да стоите и да го пазите.

Потребни состојки

За овој рецепт ќе ви биде потребно едно парче пилешки гради со кожа и коски кое е потребно да го исчистите од истите, а подоцна можете да ги искористите за приготвување супа или чорба. Но, секако можете да користите и чисто бело месо.

од пилешките гради отстранете ја кожата
откостете го
и исечкајте го на коцки

Потребни состојки: 500-600 г пилешко бело месо, 100 г сланина, 400 мл течна павлака за готвење (неутрална), 4 лажици млеко, сол, црн пипер, сув зачин (вегета), 4 лажици масло, 1 пакување (450 г) тестенини по избор, 50-100 г кашкавал

сланината исто така, исечкајте ја коцки

Постапка: Пилешкото месо и сланината исечкајте ја на коцки, потоа кратко пропржете ја сланината без додавање на масло. За тоа време, на оган ставете тенџере со вода со малку сол за да ги сварите тестенините. Во пржената сланина додајте масло по потреба и сечканото пилешко.

ставете на оган да зоврие вода со малку сол
кратко запржете ја сланината на сува тава
додајте го и пикешкото месо

Пропржете го месото заедно со сланината, па додајте ги зачините по вкус. Пилешкото месо брзо е готово, особено ако сте го исекле на помали парчиња. Потоа прелијте го месото со 200 мл течна павлака и по потреба смесата разредете ја со малку млеко доколку е густа.

прелијте со павлака за готвење
пред крај додајте малку млеко за да ја разредите смесата доколку е густа

На страна сварете ги тестенините според упатството, но внимавајте да не ги преварите, треба да бидат тврди „ал-денте“. Намастете го огноотпорниот сад или помал плех во кој ќе го запечете јадењето, па започнете со редење:

тестенините сварете ги ал денте
огноотпорниот сад намастете го
ставете половина од тестенините

Ставете еден слој тестенини колку да се покрие дното, па распоредете го зготвеното месо, повторно тестенини и одозгора прелијте со 200 мл течна павлака за готвење и наросете рендан кашкавал.

распоредете го приготвеното месо
распоредете го остатокот од тестенините
прелијте со павлака за готвење
одозгора наросете рендан кашкавал
покријте со алу-фолија и печете на 200 степени 10-15 минути
послужете топло

Прекријте го садот со алуминиумска фолија и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 10-15 минути. Пред крајот отстранете ја фолијата за да може кашкавалот дополнително да се запече. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

уживајте во вкусот

Пробајте го и следниот рецепт: Просто и евтино јадење, пилешко во сос – прсти да излижеш!

Ова е едно убаво и вкусно јадење, кое се приготвува едноставно, од многу малку состојки, а се добива врвен специјалитет.

Потребни состојки: 1 кг пилешко месо исечено на парчиња, 1 лажица сув зачин (вегета), 7 лажици масло, 6 јајца, 150 г остро брашно, ½ лажичка сол и 500-600 мл млеко

Постапка: пилешкото месо одвојте го од коски (или замолете ги во месарата тоа да го направат наместо вас), па исечете го на помали парчиња и зачинете со сув зачин (убаво протријте го рамномерно).

Вака приготвено месо пропржете го на 3 лажици загреано масло од сите страни по 10-тина минути. Разматените јајца промешајте ги со брашното, сол, млеко, па оставете ја смесата да отстои околу 10-15 минути.

Во огноотпорен сад или плех ставете го преостанатото масло и загрејте го. Врз загреаното масло излејте третина од смесата со јајца и брашно. Врз смесата распоредете го запрженото месо, а врз месото залијте ја преостанатата количина од смесата со јајца, брашно и млеко.

Печете во загреана рерна на 210 степени околу 20-30 минути. Печеното пилешко оставете малку да излади, исечете го на порции и послужете со салата. Може да прелиете со милерам-кајмак. Коските можете да ги сварите и да направите супа.