Мини залачиња кои се топат во уста, толку се вкусни што веднаш ќе ги изедете и ќе ги правите повторно. Ова е одличен десерт за сите пригоди, а се приготвуваат од состојки кои сите ги сакаме. Брзи се, вкусни и совршени, децата ги обожаваат. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г мелени бисквити, 200 мл ладно млеко, 125 г путер, 100 г мелени ореви, 50 г лешници и 100 г чоколадо.

ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад ставете 300 г мелени бисквити или плазма. Додајте една чаша ладно млеко (200 мл), 125 г растопен путер или маргарин и 100 г мелени ореви, 50 г мелени лешници и 100 г растопено чоколадо.




Наместо ореви и лешници може да користите само ореви или само лешници, а може да користите и мешавина од бадеми, кикирики или јатки по ваш избор во вкупна количина од 150 г. Чоколадото доволно е да го ставите во топла/врела вода целото сосе амбалажата, а потоа кога ќе се растопи, отсечете мал агол и исцедете го.




Промешајте ги сите состојки со лажица или шпатула додека да се изедначат и инкорпорираат една во друга. На крај треба да добиете хомогена смеса, не многу влажна, но која лесно се обликува со рака.




Потоа кинете мали парчиња од смесата, а со помош на дланките формирајте топчиња со големина на орев. Некои од топчињата валкајте ги во кокосово брашно, други во чоколадни трошки, а трети може да ги валкате во мелени ореви или нешто по ваш вкус. Смесата за бомбици може да ја приготвите и на следниов начин:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (рецепт 2): 200 г мелени биксвити, 200 г чоколадо, 6-8 рамни лажици шеќер во прав, 200 г путер, околу 100 г ореви, бадеми, лешници… што имате, околу 2 лажици рум или по вкус. И уште околу 50 г мелени јаткасти плодови за валкање на топчињата.




ПОСТАПКА: Оревите (или лешниците, бадемите или микс) сомелете ги, а исто така и бисквитите. Чоколадото изрендајте го или растопете го на пареа. Путерот оставете го на собна температура или на топло за да омекне.

Фото и рецепт: Иванка Цизмиќ




Потоа во него додајте шеќер во прав и со миксер или маталка убаво промешајте за да се изедначи. Кога ќе го изматите путерот и ќе стане кремаст, додајте ги сувите состојки и чоколадото, па убаво промешајте. Рум се додава само доколку вие сакате, тоа е по вкус.




Добиената смеса малку оставете ја во фрижидер (не мора, но помалку лепи), па потоа кинете парчиња и обликувајте топчиња со величина по ваша желба. Топчињата валајте ги во мелени ореви, бисквити, чоколадни трошки… и оставете ги во фрижидер за да се стегнат убаво. Фото и рецепт: Иванка Цизмиќ.