Брзи уштипци од кои ќе мириса цела куќа…ЗА ПРЕВКУСЕН ПОЧЕТОК НА ДЕНОТ…Најмеки, брзи, пржени уштипци-фритули без квасец. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

200 г брашно
2 јајца
5 г прашок за печиво
1 лажичка шеќер
1/3 лажичка сол
200 мл јогурт

ПОСТАПКА:

1.Изматете ги јајцата и додајте ги сите преостанати состојки. Како последна состојка додајте го јогуртот. Добро измешајте да нема грутчиња.

2.Загрејте масло на умерена (средна) температура, па намастете ја лажицата во маслото и црпнете колку можете од тестото, па спуштајте во маслото.

3.За многу кратко се готови, за 30 секунди превртете ги и од другата страна.

4.Можете да ги јадете солени или слатки. Постапката погледнете ја ОВДЕ.