БРЗИ ПРАЗНИЧНИ ТОПЧИЊА ЗА БОЖИК И НОВА ГОДИНИНА – За 5 минути ќе ги направите…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

200 г мелени бисквити
130 г маскарпоне сирење
30-40 г шеќер во прав
1/2 лажичка инстант/нес кафе (некое што брзо се раствора)
30 мл ладно еспресо кафе
60 мл слатка павлака
нутела за полнење
какао во прав за валање на топчињата

ПОСТАПКА:

Сомелете ги бисквитите. Во посебен сад изматете ги маскарпонето, шеќерот во прав, половина лажичка кафе и слатката павлака. Матете сè додека да добиете фин, густ и мазен крем.

Потоа додајте го оладеното кафе и изматете уште малку со миксерот додека сето да се соедини. На крај додајте ги мелените бисквити и мешајте додека да се изедначи во смесата која лесно се обликува во дланките.

Потоа црпете со лажичка од смесата и обликувајте топчиња со големина на помал орев (20 г).

Притиснете со дланките за да се сплеска топчето, па ставете малку нутела и повторно обликувајте топче.

Секое топче добро извалајте го во просеано какао.

Овој десерт може веднаш да се послужи. Деталите од постапката погледнете ги во видеото ОВДЕ.