БРЗИ ПОСНИ ОБЛАНДИ: За само неколку минути ќе добиете многу вкусен десерт

За сите вас кои немате многу време за приготвување на комплицирани торти и колачи, ви ги предлагам овие прекрасни обланди кои се исклучително вкусни. Филот се приготвува од чоколадо и кекси во комбинација со кокос, ореви и суво овошје…Сето тоа помеѓу два листа крцкави обланди – неодоливо вкусно.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 мл вода, 325 г шеќер (може и помалку, по вкус), 250 г посен маргарин, 100 г посно чоколадо, 300 г посни бисквити, 50 г кокос, 100 г мелени ореви, 100 г суво грозје (или друго ситно сечкано суво овошје), 75 г сечкани ореви. По желба може да се додаде и малку рум или сок од портокал.




ПОСТАПКА: Во едно подлабоко тенџере ставете 200 мл вода, 250 г посен маргарин исечкан на помали парчиња и додајте 325 г шеќер (ова е многу шеќер според изворниот рецепт, па кој сака може да го намали по вкус) и 100 г посно чоколадо искршено во коцки.




Загревајте на тивок на оган додека убаво да се растопи шеќерот и соедини со чоколадото и путерот во убава сјајна чоколадна маса. Штом се растопат состојките, додајте 300 г мелени посни бисквити и малку промешајте.




Потоа, во смесата додајте 100 г суво грозје (претходно можете да ги оставите да се натопат во вода, сок или рум, колку да се хидрираат и набубрат), 50 г кокосово брашно, 100 г мелени ореви и 75 г сечкани ореви.




Сите овие состојки добро измешајте ги со лажица додека рамномерно да се распоредат и изедначат. Тргнете го садот на страна и оставете две минути малку да се подизлади смесата. Ако ви се чини дека дека сè уште е ретка, во тој случај додајте уште малку мелени кекси до посакуваната густина.




На работна површина отворете ги двата листа обланди, од поголемите вдлабнатини свртени кон горе (помазната страна на обландите треба да биде од надворешна страна). Потоа рамномерно распоредете го филот кој сè уште е млак (не треба да биде многу топол, ниту целосно изладен).




Откако рамномерно ќе го распоредете филот и ќе ја израмните површината, одозгора поклопете со вториот лист обланда и нежно притиснете со дланката (не премногу силно за да не излезе филот, туку колку да се залепи и да нема воздушни џебови.




Потоа превртете ја целата обланда, така што долниот лист да стане горен, па одозгора ставете некој терет (книга, тепсија или нешто слично), па оставете вака преку цела ноќ. Следниот ден обландата е спремна се сечење и послужување. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видео презентацијата на Рада ОВДЕ.




Претходна статијаСтаринска торта што ми ја правеше баба ми – КЕКС ТОРТА СО ОРЕВИ: Мека, кремаста и брза
Следна статијаНаправете го овој крцкав ПОСЕН ЃЕВРЕК многу брзо и лесно – овој рецепт можат и почетници да го прават