Брзи погачици без квасец…брза и лесна подготовка за појадок или вечера, а може и да ги замрзнувате…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
3 кесички прашок за печиво
2 чаши течен јогурт (на собна температура) 400 мл
1 чаша масло (200 мл)
1 белка
1 лажичка сол
4.5 чаши брашно
За премачкување:
1 жолчка+лажичка масло
сусам
ПОСТАПКА:
1.Во длабок сад сипете масло, белка, јогурт и лажичка сол, па промешајте. Потоа додајте го просеаното брашно помешано со прашок за печиво и замесете меко тесто.
2.Истресете го на набрашнета површина и домесете го уште 2-3 минути колку да се измазни и да не се лепи за рака.
3.Поделете го на 16 делови, па обликувајте топчиња. Наредете ги во тепсија обложена со хартија за печење, премачкјате ги со жолчка и посипете ги со сусам.
4.Печете ги во загреана рерна на 180 степени, 17-20 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.