Брзи погачиња за вкусен појадок, ручек или вечера…Ги правам за 10 минути и многу се вкусни…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 јајце
120 мл масло
120 мл кисело млеко
1 лажичка сол
280 г брашно
12 г прашок за печиво
за фил: 50 г кашкавал

И уште:
1 јајце за премачкување
сусам за посипување

ПОСТАПКА:

Соединете ги јајцето, маслото, киселото млеко и солта, па постепено додајте го брашното помешано со прашок за печиво. Треба да добиете меко и компактно тесто кое лесно се обликува.

Веднаш кинете од тестото, обликувајте топчиња, сплескувајте ги меѓу дланките и во средината ставете парче кашкавал. Затворете ги и обликувајте ги погачиците.

Наредете ги во плех, премачкјате ги со изматено јајце и посипете ги со сусам. Печете ги 18 минути во загреана рерна на 200 степени. Постапката погледнете ја ОВДЕ:

https://youtu.be/Ca50nBnocxs?si=kBuVCVMdPRhIg-Dw