Вкусни и брзи крофни печени во рерна.
Потребни состојки: 70 г путер, 125 мл млеко, 125 мл вода, 2 јајца, 1 ванилин шеќер, 500 г брашно, малку сол, 1 квасец и 55 г растопен путер за премачкување на крофните
Постапка: Квасецот помешајте го со брашното и ванилин шеќерот. Потоа додадете јајца, вода, млеко и растопен путер, па замесете фино, меко тесто. Тестото оставете го да се удвои.
Кога тестото убаво ќе нарасне, размесете го и развлечете го не многу тенка кора, па со чаша вадете кругови. Плехот обложете со хартија за печење и премачкајте го со растопен путер. Секоја крофна одозгора премачкајте ја со путер.
Оставете ги во плехот да стасуваат додека да се удвојат, а потоа печете ги на 250 степени околу 20 минути.
Врелите печени крофни премачкајте ги со растопен путер (55 г). Готовите крофни валкајте ги во шеќер кристал и одозгора наросете ги со шеќер во прав.
Кога ќе бидат изладени, може да ги филувате по желба со шприц за торти (пробушете ги истиснете го филот). За фил може да користите џем, мармалад, чоколаден или лешников крем, пудинг од ванила, шлаг или нешто по ваша желба.
ПРОЧИТАЈТЕ: „„КРОФНОМАHИЈА“…Сите ги прават крофните по рецептот на Адриана…Растат големи, шупливи и формираат прстен…Највкусни од сите досега…“ – Рецепт ОВДЕ.
coolinarika.com