Потребни состојки:

450 г брашно

250 мл вода

3 лажици путер

3 лажици шеќер

1 лажица сол

1 лажица масло

1 сув квасец

За премачкување:

1 лажица млеко

1 јајце

сусам за наросување одозгора

Постапка:

Квасецот помешајте го со малку брашно и млака вода па оставете да надојде. Додадете шеќер, путер, сол и остатокот од брашното, па изматете со миксер (со маталки за тесто) додека да добиете еластично тесто.

Премесете го на набрашнета работна површина, па оставете го покриено да одмори два часа.

Развлечете го тестото со раце како ролат и поделете го на 8 дела кои ќе ги обликувате како топчиња.

Обликуваните лепчиња наредете ги во тепсија и оставете ги еден час да надојдат.

Изматете јајце со млеко и премачкајте ги лепчињата.

Наросете со сусам и печете во загреана рерна на 190 степени околу 15 минути или додека да добијат убава златна боја.