Овие кифлички се брзи зашто тестото не се остава да стасува помеѓу месењата, а сепак на крај излегуваат многу меки, како памук, воздушести и превкусни.
Сите се воодушевени од овие кифлички кои можат да бидат и посни, па не го пропуштајте овој рецепт. Убави се празни, но може да ги филувате како слатки или солени. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 мл вода, 40 г свеж квасец (1 коцка), 20 г шеќер, 20 г сол, 2 супени лажици масло за готвење, 250 г маргарин (1 коцка), приближно 1 кг меко брашно т-400 (мене ми беа потребни 900 г за замесување), 1 жолчка
ПОСТАПКА: Во топла вода растворете го квасецот, додајте шеќер и промешајте. Потоа додајте половина од брашното, сол и половина коцка маргарин (125 г), па повторно промешајте. Маргаринот е најдобро да биде на собна температура за полесно да се вмеша во состојките.
Со постепено додавање на остатокот од брашното замесете тесто. Добро измесете го, па премачкјате го со малку масло и оставете го да одмори само 5 минути, колку да се впие маслото во тестото. Потоа поделете го на три дела.
Секој дел обликувајте го во топка, па развлечете го во круг. Од преостанатиот маргарин оставете настрана една лажица, не повеќе. Врз првиот круг рамномерно премачкајте половина од преостанатиот маргарин.
Поклопете го со втората кора, па и неа рамномерно премачкјате ја со преостанатиот маргарин. Најпосле преклопете со третата кора. Малку притиснете со рака за да се спојат трите кори, па сите заедно развлечете ги во еден голем круг.
Кругот исечете го прво на четвртини, па на осмини, а потоа секоја осмина поделете ја на два или три триаголника, во зависност од тоа колкави кифлички сакате да добиете (16/24/32 или повеќе кифлички).
Виткајте ги и редете ги во плех, а потоа премачкјате ги со мешавина од жолчка и малку растопен маргарин или масло (или само со жолчка), а за посна варијанта премачкјате ги со посен мајонез кој ќе ги направи многу меки или само со маргарин.
Штом ги наредите на плех и ги премачкате, тогаш вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени, а за тоа време кифлите малку ќе стасаат.
Ставете ги да се печат во врелата рерна 15-20 минути, додека да заруменат. Печените кифлички додека се уште во плехот премачкјате ги со маргаринот што го оставивте настрана, па потоа вадете ги. Деталите од целата постапка погледнете ги ОВДЕ.