Со вкусот потсетуваат на бајадера, а рецептот секогаш успева. Не се печат и многу брзо се приготвуваат.

Потребни состојки: 3 јајца, 200 г шеќер, 2 ванилин шеќер, 40 г чоколадо за готвење, 200 г маргарин/путер, 350 г плазма или други мелени бисквити, 100 г печени несолени кикирики или лешници. За глазура: 200 г чоколадо и 200 мл слатка павлака

Постапка: Јајцата ставете ги во еден сад, додадете ванилин шеќер и мал дел од шеќерот. Измиксајте пенасто со миксер и постепено додадете го остатокот од шеќерот. Кремот сварете го на пареа или на најслаба температура на рингла.

По 10-тина минути кога кремот ќе згусне, додадете го чоколадото да се растопи, а пред самиот крај постепено додавајте го и путерот исечкан на парчиња.

Сварениот врел фил префрлете го во друг поголем сад и постепено промешајте ги мелените бисквити. Додадете ги и сечканите кикирики или лешници. Промешајте за да се изедначи. Густината треба да иста како за бајадера.

Плех со димензии 33х20 см намастете го со путер, па во него рамномерно распоредете ја смесата и израмнете. Оставете го колачот на страна додека ја приготвувате глазурата.

Глазурата можете да ја направите и според ваш рецепт. 200 мл слатка павлака загрејте ја (да не зоврие), па тргнете ја на страна и во неа додадете 200 г искршено чоколадо и промешајте додека целосно да се растопи и соедини.

Прелиениот колач оставете го 15-тина минути на собна температура, а потоа ставете го колачот во фрижидер за добро да се стегне, околу 2 часа. Ако ви се брза можете да го ставите во замрзнувач околу половина час. Потоа лесно ќе го исечете. Сите детали околу подготвувањето можете да ги погледнете во видеото: